Температурата во американскиот град Чикаго во последните неколку дена драматично опадна и се спушти дури и до минус 20 степени. Поради екстремно студеното време проследено со обилни снежни врнежи, во одделни локации во градот се отворени т.н. „места за загревање“.
-
Свет 27.12.2017 12:39
-
Свет 27.12.2017 12:23
Брамерц: Хашкиот суд работеше коректно
Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серџ Брамерц е задоволен од работата на Судот кој, според него, напишал голем дел од историјата на конфликтите во поранешна Југославија, и работел независно, непристрасно и без дискриминација на верска или национална основа.
-
Свет 27.12.2017 11:30
САД: Конгресот бара извештај од Пентагон за руското влијание на Балканот
Американскиот Конгрес бара извештај од Пентагон за руското влијание на Западен Балкан.
Белата куќа сака да има темелен увид за воената опрема и оружје во вредност од над милион долари кои биле купени или дадени во Македонија, Србија, Косово и во Босна и Херцеговина од 2012 година.
-
Свет 27.12.2017 10:24
Замрзнат имотот на обвинетите во „Агрокор“
Судот во Загреб го замрзна имотот на сите обвинети во банкротот на најголемата хрватска компанија Агрокор.
Мерката веќе е спроведена за првообвинетиот поранешен директор на Ивица Тодориќ, а со новата судска одлука се замрзнува имотот на сите 15 обвинети.
-
Свет 26.12.2017 14:57
Русија гради бази за постојано присуство во Сирија
Русија гради бази за постојано воено присуство во Сирија. Горниот дом на Парламентот ја одобри ратификацијата на договорот меѓу Русија и Сирија за проширување на поморските објекти на крајбрежјето.
-
Свет 26.12.2017 12:31
Протести против помилувањето на Фуџимори, полицијата употреби солзавец
Повеќе илјади луѓе излегоа на улиците на Перу во знак на протест поради помилувањето на поранешниот претседател Алберт Фуџимори. Полицијата со солзавец им се спротивстави на демонстрантите во Лима.
-
Свет 26.12.2017 12:02
Шангај: Ограничување на населението до 25 милиони жители
Градската управа на кинескиот финансиски и економски центар Шангај најави ограничување на бројот на населението до 25 милиони жители до 2035 година.
-
Свет 26.12.2017 11:49
Прекршено примирјето во Идлиб
Петнаесет цивили загинаа во воздушните напади на силите на сирискиот претседател Башар ал Асад во Идлиб.
-
Свет 26.12.2017 11:19
Перу: Протести против помилувањето на Фуџимори
Полицијата во Перу со солзавец им се спротивстави на илјадници демонстранти во Лима, револтирани од помилувањето на поранешниот претседател Алберто Фуџимори. Неговиот наследник ја донесе одлуката откако Фуџимори беше хоспитализиран поради аритмија и низок притисок.
-
Свет 26.12.2017 10:24
САД го кратат финансискиот придонес во Обединетите нации
САД ќе го скратат својот финасиски придонес во буџетот на Организацијата на Обединетите Нации за 285 милиони долари во фискалната 2018- 2019 година.









