Бројот на жртви од поплавите во Виетнам се зголеми на 35. Се расчистуваат погодените подрачја и се обновува електричната енергија, додека некои области остануваат отсечени.
Властите предупредуваат на можни зарази поради загадување со кал.
Бројот на жртви од поплавите во Виетнам се зголеми на 35. Се расчистуваат погодените подрачја и се обновува електричната енергија, додека некои области остануваат отсечени.
Властите предупредуваат на можни зарази поради загадување со кал.
Продолжуваат нападите меѓу Москва и Киев. Русите удрија во Запорожје и Одеса. Десетици илјади луѓе се без струја. Украинците возвраќаат со напади врз нафтен терминал во Црно Море. На фронтот во Покровск, борбите жестоки.
Вооружен напад во Велика Британија. Десет луѓе, од кои деветмина се борат за живот, биле избодени со нож во воз во близина на Кембриџ. Полицијата уапси две лица. Се истражува мотивот.
Денес е ден на жалост во Србија, прогласен од владата на вчерашната седница.
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ги обвини САД дека шират лажни приказни за да оправдаат можен напад и промена на режимот во јужноамериканската земја.
Пентагон соопшти дека може да ѝ обезбеди на Украина ракети „Томахавк“ без да ги загрози американските залихи, но конечната одлука останува на Трамп, кој претходно ги наведе залихите како причина за неиспраќање ракети со долг дострел за Киев.
Најмалку 14 лица загинаа, 8 се водат за исчезнати по поплавите и одроните во Централен Виетнам, предизвикани од рекордните врнежи дожд. Во поплавите се оштетени илјадници домови, а над 26 илјади луѓе евакуирани.
Лидерите на земјите од Азиско-пацифичката економска соработка на годишен самит во Јужна Кореја. Учесниците од 21 земја дебатираат за промовирање на економската соработка и заедничките предизвици.
Еден ден откако руските сили извршија масовен ракетен и беспилотен напад врз украинската енергетска инфраструктура, Киев го возврати ударот. Трафостаници, рафинерии и термоцентрали во Русија на удар на укарински дронови.
Илјадници студенти пристигнуваат во Нови Сад. Утре во градот се одржува голем комеморативен собир на една година од уривањето на настрешницата на железничката станица при што загинаа 16 лица.