• Свет 17.03.2017 10:42

    Конгресмени: САД повторно да се сврти кон Европа

    Соединетите Американски Држави мора повторно да бидат лидери во светот и да ги зацврстат односите со пријателските земји во Европа, оценуваат двајца американски конгресмени, членови на комитетите за воени сили, ветерани и разузнавање.

  • Свет 17.03.2017 10:14

    Меркел во официјална посета на Вашингтон

    Германската канцеларка Ангела Меркел е во официјална посета на Вашингтон на средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

    Се очекува главна тема на разговорите да бидат економијата, политичката безбедност но и мигрантската криза.

  • Свет 16.03.2017 14:57

    Европските лидери со честитки за победата на либералите во Холандија

    Честитки за либералите на холандскиот премиер Марк Руте кои освоија најмногу гласови на изборите, односно 33 места во парламентот што брои 150 членови.

  • Свет 16.03.2017 14:14

    Писмо-бомба експлодираше во ММФ во Париз

    Писмо- бомба експлодираше во Меѓунардониот монетарен фонд во Париз при што е повредено едно лице. Во Франција сѐ уште трае вонредната состојба воведена по терористичките напади.

    Претходно, во германското Министерство за финансии стигна пакет-бомба наменет за министерот Волфганг Шојбле.

  • Свет 16.03.2017 12:33

    Брисел здивна по победата на либералите на Руте

    Лавина честитки за либералите на холандскиот премиер Марк Руте кои освоија најмногу гласови на изборите, односно 33 места во парламентот со 150 членови.

  • Свет 16.03.2017 11:35

    Шестмина загинаа во снежното невреме во Канада

    Шестмина загинаа во снежното невреме во источна Канада. Во Монтреал е измерена снежна покривка од 45 сантиметри, а во јужен Квебек дури и до 70. Бурата е проследена со ветар од 140 км/ч.

  • Свет 16.03.2017 10:23

    Трамп: Буџет за трошоци дома, а не за во странство

    Буџет за трошоци дома, а не за во странство, вака накратко може да се опише буџетот од 4 трилиони долари што американскиот претседател Доналд Трамп го достави на одобрување во Конгресот.

  • Свет 16.03.2017 10:15

    Грција е во рецесиска спирала

    Во најновиот извештај на Бирото за буџет на грчкиот Парламент се наведува дека е потребно итно преструктуирање на долгот и натамошно спроведување на реформите за да се спречи банкрот.

    Експертите тврдат дека само суштински промени може да ја спасат најзадолжената земја-членка на ЕУ.

  • Свет 16.03.2017 08:18

    Партијата на холандскиот премиер Руте победи на изборите

    Веројатно нашата партија по трет пат ќе биде најголемата во Холандија, изјави холандскиот премиер Марк Руте пред своите поддржувачи, кои се собраа во Хаг со цел да ја прослават неговата победа.

  • Свет 15.03.2017 15:00

    Потврдена автентичноста на даночната пријава на Трамп

    Белата куќа потврди дека претседателот Доналд Трамп платил 38 милиони долари за даноци во 2005 година. Во соопштение за јавноста Белата куќа ги прекори медиумите за „нелегално објавените“ даночни документи.

Pages