• Свет 27.03.2017 14:27

    ЕУ и САД со осуда за аспењата на демонстрантите во Москва

    ЕУ и САД ги осудија апсењата на демонстрантите во Москва кои протестираа против корупцијата и бараа оставка од премиерот Медведев.

    Меѓу приведените е и рускиот опозиционер Алексеј Навални кој ќе се кандидира на претседателските избори во Русија.

  • Свет 27.03.2017 12:44

    Партијата на Борисов победник на изборите во Бугарија

    Бугарската изборна комисија соопшти дека по врз основа на пребројани речиси 100% насто од гласовите, централно-десничарската партија ГЕРБ, на поранешниот премиер Бојко Борисов, освила 32,58 проценти.

  • Свет 27.03.2017 12:38

    Средношколци загинаа во лавина во Јапонија

    Група од 60-тина средношколци и професори е затрупана од лавина во планински дел северно од Токио.

    Спасувачите пронашле осуммина без знаци на живот, а двајца ученици се во критична состојба.

  • Свет 27.03.2017 11:59

    Француските ултрадесничари прогнозираат распад на ЕУ

    Лидерката на ултрадесничарите од Националниот фронт и кандидат за претседател на Франција Марин ле Пен ги обвини политичките платформи на центристот Макрон и на конзервативецот Фијон за поддршка на европскиот блок и пазарната економија.

  • Свет 27.03.2017 11:20

    Демохристијаните на Меркел победници на регионалните избори во Сар

    Со 40,7 отсто, Демохристијаните на германската канцеларка Ангела Меркел победија на регионалните избори во Сар. Противничката Социјалдемкратска партија на Германија, на левиот центар на чело со Мартин Шулц, освои 29,6 отсто од гласовите.

  • Свет 27.03.2017 10:16

    Средба Вучиќ- Путин во Москва

    Премиерот на Србија Александар Вучиќ ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Москва. Разговорите ќе се однесуваат на економската соработка и Евроазиската унија, но и на одбраната.

  • Свет 27.03.2017 08:25

    ГЕРБ победи на парламентарните избори во Бугарија

    Партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов „Граѓани за европски развој на Бугарија“ (ГЕРБ) освои 32,5 отсто од гласовите на предвремените парламентарни избори, покажуваат првите резултати од Изборната комисија по пребројани 89 отсто од гласовите.

  • Свет 24.03.2017 15:10

    Нови две значајни апсења во Лондон

    75-годишнен Британец е петтата жртва во терористичкиот напад што се случи во Лондон во средата, во непосредна близина на Британскиот Парламент. Двајца од повредените се во критична состојба. Во меѓувреме, уште двајца се уапсени поради поврзаност со нападот.

  • Свет 24.03.2017 14:06

    Јункер го предупреди Трамп: Ако ЕУ се распадне, на Балканот ќе има војна

    Според грчки „Катимерини“, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер го предупредил американскиот претседател Доналд Трамп за можна војна на Балканот доколку се распадне ЕУ по Брегзит.

  • Свет 24.03.2017 13:44

    Руски војници загинаа во напад во Чеченија

    Шест војници загинаа, а десет беа повредени при терористичкиот напад на воена база во Чеченија. Руската национална гарда ги распореди силите во Северен Кавказ за антитерористички операции.

Pages