Се активираше вулканот Етна на Сицилија, најголемиот и највисок вулкан во Европа. Лавата засега не претставува опасност за локалното население.
Етна се наоѓа на 3.329 метри надморска височина и е еден од најактивните вулкани во светот.
Се активираше вулканот Етна на Сицилија, најголемиот и највисок вулкан во Европа. Лавата засега не претставува опасност за локалното население.
Етна се наоѓа на 3.329 метри надморска височина и е еден од најактивните вулкани во светот.
Земјотрес од 5,6 степени според Рихтер ја погоди североисточна Јапонија, во близина на нуклеарната централа „Фукушима-1“.
Не е издадено предупредување за цунами, а нема податоци за жртви и за материјална штета.
Милијардерот Вилбур Рос е нов министер за трговија. Горниот Дом на Конгресот му даде поддршка со 72 сенаторски гласа.
Рос изјави дека Владата на претседателот Трамп ќе ја смени Северноамериканската спогодба за слободна трговија позната како НАФТА.
Американските власти конфискуваа рекордни 4,2 тони кокаин од рибарски чамец во меѓународните води крај Суринам.
Вредноста на дрогата е проценета на околу 125 милиони долари. Запленувањето е извршено во рамките на заедничка патрола на крајбрежната стража на САД и на Тринидад и Тобаго.
Пентагон со нова стратегија ќе ја интензивира борбата против терористичката група Исламска држава.
Белата куќа ги разгледува предлозите од Министерството за одбрана за идните операции против џихадистите кои ги зачестија нападите.
Американските сили за имиграција и царина започнаа широка операција за депортација на илегалните имигранти коишто извршиле криминални дела во Соединетите Американски Држави. Дилери на дрога и припадници на банди се приведуваат ширум Америка по налози од мај 2016-та.
Србија во Брисел ги отвори поглавјата 20 и 26. Поглавјето 20 го опфаќа претприемаштвото и индустриската политика, а Поглавјето 26 се однесува за културата и образованието и тоа веднаш е затворено.
Наградата за најдобар филм на годинашното доделување на Оскарите заврши во рацете на режисерот Бери Џенкинс за филмот „Месечина“, неколку минути откако по грешка беше прогласен филмот „Ла Ла Ленд“ за победник во оваа категорија.
Американската администрација ќе поднесе предлог-буџет, вклучувајќи ја и мерката за зголемување на трошоците во одбраната.
Предвидено е и скратување на трошоците за Стејт департментот, за Агенцијата за заштита на животната средина и за други програми кои не се поврзани со одбраната.
„Месечина“ освои Оскар за најдобар филм, а за најдобри актери беа прогласени Кејси Афлек за улогата во „Манчестер на море“ и Ема Стоун за главната женска улога во „Ла Ла Ленд“, филмот кој освои 6 од вкупно 14 номинации.