Две слики на Ван Гог, со непроценлива вредност се откриени меѓу другите запленети добра на дилер на дрога од неаполската мафија Камора.
Полицијата наведува дека сликите се украдени во 2002 година од познатиот меѓународен музеј во Амстердам.
Две слики на Ван Гог, со непроценлива вредност се откриени меѓу другите запленети добра на дилер на дрога од неаполската мафија Камора.
Полицијата наведува дека сликите се украдени во 2002 година од познатиот меѓународен музеј во Амстердам.
Германската канцеларка Ангела Меркел и американскиот претседател Барак Обама остро ги осудија воздушните напади врз опколениот град Алепо.
Според двајцата државници, Русија и сириското раководство имаат посебна одговорност во окончувањето на насилството во Сирија.
Францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“ почна офанзива против Исламска држава во Ирак. Нападите врз упориштето во Мосул се дел од третата воена мисија на Французите кои се активни во овој регион од лани во рамките на коалицијата предводена од САД.
Светот денеска се збогува со поранешниот претседател и премиер на Израел и добитник на Нобеловата награда за мир, Шимон Перес.
Пратениците на Каталонскиот парламент го одобрија планот на претседателот на таа шпанска покраина Карлос Пуџдемон, наредната година да распише референдум за независност на Каталонија од Шпанија.
Маж од турско потекло вчера со својот автомобил се обидел да прегази пешаци во Виена. Извикувајќи низ прозорецот од автомобилот „Алах акбар“, тој влегол на плоштад каде се упатил кон пешаците со намера да ги прегази, а тие, за среќа, успеале да го избегнат возилото.
Без американска интервенција во кризните региони, светот ќе биде понестабилен. ЗАтоа САД мора да продолжат да бидат лиери и да се справат со заканите навреме и превентивно, оцени поранешниот генерален секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен во Вашингтон.
Почна погребот на поранешниот претседател и премиер на Израел и добитник на нобеловата награда за мир, Шимон Перес во Ерусалим.
Српската полиција го уапси директорот на косовската полиција за регионот на Косовска Митровица. Како што соопштија од министерство за внатрешни работи, Нехат Тачи кој е висок функционер во косовската полиција, уапсен е доцна синоќа, по полноќ, на преминот Бела земја кај Бујановац.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе ја продолжи вонредната состојба во земјата зашто тримесечниот период не е доволен за елиминирање на сите терористи.