Премиерот на Србија Александар Вучиќ победи на претседателските избори со освоени 57,03 % од гласовите. Изрази задоволство од резултатот, потенцирајќи дека народот покажал во која насока сака да се движи земјата.
-
Свет 03.04.2017 11:13
-
Свет 03.04.2017 10:13
Европскиот парламент оваа недела ќе го разгледа прашањето за Брегзит
Европскиот парламент на заседанието во Стразбур ќе го разгледа прашањето за британскиот Брегзит. В среда ќе биде усвоена резолуција со главните позиции и цели на Парламентот во преговарачкиот процес со Лондон.
-
Свет 03.04.2017 08:20
Александар Вучиќ избран за претседател на Србија
Српскиот премиер Александар Вучиќ победи на вчерашните претседателски избори во Србија, освојувајќи околку 55 проценти од гласовите, со што уште во првиот круг е избран за нов шеф на државата.
-
Свет 31.03.2017 15:13
Состанок на министрите за надворешни работи на земјите- членки на НАТО
Министрите за надворешни работи на НАТО го одржаа првиот состанок со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон. Меѓу главните теми на дискусија беа борбата против тероризмот, трошоците за одбраната и односот со Русија.
-
Свет 31.03.2017 15:08
Старџен официјално побара од Лондон дозвола за референдум за независност на Шкотска
Шкотската прва министерка Никола Страџен денеска официјално побара од британската премиерка Тереза Меј да дозволи организирање втор референдум за независност на Шкотска, пред завршување на процесот за излез на Велика Британија од ЕУ.
-
Свет 31.03.2017 12:48
Тилерсон во Брисел на прв состанок во НАТО
Министрите за надворешни работи на НАТО го одржуваат првиот состанок со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон. Меѓу главните теми на дискусија ќе биде борбата против тероризмот, трошоците за одбраната и односот со Русија.
-
Свет 31.03.2017 12:28
Туск ќе ги објави предлог- насоките за преговорите за Брегзит
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск се очекува да ги објави предлог-насоките за преговорите за Брегзит. Плановите ќе им бидат пратени на владите од 27 земји-членки.
Преговорите за излез на Обединетото Кралство од европскиот блок ќе траат најмалку две години.
-
Свет 31.03.2017 11:32
Израел одобри изградба на еврејска населба на Западниот брег
За прв пат во две децении, со едногласна одлука, владата на премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху одобри изградба на еврејска населба на Западниот Брег.
-
Свет 31.03.2017 10:53
„Спејс Икс“ првпат во историјата лансираше веќе рециклирана ракета
Компанијата „Спејс икс“ повторно влезе во историјата со лансирање на веќе користена ракета. „Фалкон 9“, лансиран од Флорида, во орбитата однесе комуникациски сателит.
Директорот и сопственик на „Спејс икс“ Илон Маск потенцира дека ова е огромен чекор за вселенската индустрија.
-
Свет 31.03.2017 10:22
Судири меѓу приврзаници и противници на Ердоган во Брисел
Четири лица беа повредени пред турскиот конзулат во Брисел откако се судрија поддржувачите и противниците на владата во Анкара. Тројца од нив се во критична состојба.










