Невремето во Јужна Австралија предизвика прекин на снабдувањето со електрична енергија и телекомуникациските услуги.
Оваа австралиска сојузна држава со 1,7 милиони жители ја погодија силни ветришта со брзина од 140 км/ч, пороен дожд и град.
Невремето во Јужна Австралија предизвика прекин на снабдувањето со електрична енергија и телекомуникациските услуги.
Оваа австралиска сојузна држава со 1,7 милиони жители ја погодија силни ветришта со брзина од 140 км/ч, пороен дожд и град.
Шведска објави дека од 2018 година повторно воведува задолжително служење на воен рок. Оваа земја, која немала вооружен судир на нејзината територија веќе два века, воената служба ја укина во 2010 година, оценувајќи дека тоа не е добар начин за создавање модерна војска.
Според Канадскиот национален статистички институт, во земјата стигнале рекорден број мигранти.
Во последната административна година, заклучно со 30 јуни, дошле 320 илјади мигранти, што е многу повеќе и од периодот на колонизацијата на канадскиот Запад околу 1910 година.
Руската државна компанија „Алмаз-Антеј“ која го произведува ракетниот систем „Бук, “ не ја исклучи можноста дека авионот на „Малејжа ерлајнс“ на летот МХ17 бил соборен поради грешка на операторот.
14-годишното момче кое застрела двајца ученици и учителка во основно училиште во Јужна Каролина претходно го убило својот татко во семејниот дом. Последниот вооружен напад во САД се случи во градот Таунвил од засега непознати причини.
Со огромно мнозинство американскиот Сенат и Конгрес го поништија ветото на американскиот претседател Барак Обама на законот за странски држави спонзори на тероризам, според кој семејствата на загинатите во терористичките напади на 11-ти септември 2001-та ќе можат да ја тужат Саудиска Арабија.
Меѓународните обвинители кои го истражуваат соборувањето на авионот МХ- 17 го побјавија првиот извештај за падот на леталото во кое се вели дека бил урнат од проектил бук истрелан од територија контролирана од бунтовниците.
Поранешниот изралески премиер и претседател Шимон Перес почина во 93-тата година од животот, две недели откако беше хоспитализиран поради мозочен удар. Лавина од телеграми и пораки со сочувство од светските лидери пристигнуваат во Тел Авив.
Американски претставници им кажале на турските колеги дека САД за неколку дена ќе одговорат на барањето на Турција за апсење на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, изјави турскиот министер за правда Бекир Боздаг.
Меѓународната криминална истрага за соборувањето на авионот МХ-17 најверојатно ќе покаже дека леталото било соборено од ракета БАК истрелана од територија во Источна Украина контролирана од сепаратистите.