Грчката полиција употреби солзавец за да ги растера стотиците пензионери кои протестираа поради мерките за штедење и намалување на пензиите.
-
Свет 03.10.2016 15:04
-
Свет 03.10.2016 14:31
Ердоган: ЕУ не го почитува договорот за бегалци
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја критикува ЕУ бидејќи не го исполнила ветувањето за помош од три милијарди евра, согласно со договорот меѓу Анкара и Брисел за спречување на бегалскиот бран.
-
Свет 03.10.2016 13:47
Германија слави 26 години од обединувањето
Германија одбележува 26 години од обединувањето. На 3-ти октомври 1990-та година пет провинции од поранешната Демократска Република Германија влегоа во составот на Сојузна Република Германија.
-
Свет 03.10.2016 12:49
ЕУ со нов хуманитарен план за Алепо
Европската унија предложи нов хуманитарен план за сирискиот град Алепо.
Во соработка со Обединетите нации, земјите-членки побараа учество од сите страни во судирот, за да се достави помош во делот под опсада од градот.
-
Свет 03.10.2016 12:22
Подготовки за доаѓањето на ураганот „Метју“
Стотици луѓе се подготвуваат за евакуација од американската поморска база во заливот Гвантанамо поради ураганот „Метју“ кој се приближува кон Куба, Хаити и Јамајка.
-
Свет 03.10.2016 11:57
Холандски новинар убиен со снајпер во Либија
Холандски новинар бил убиен во Либија, додека известувал за офанзивата на владините сили против џихадистите од групата исламска држава (ИД) во градот Сирт, кој важи за главно упориште на екстремистите во земјата и се наоѓа на 450 километри источно од Триполи.
-
Свет 03.10.2016 11:46
Стокхолм: Почна Нобеловата недела
Со објавувањето на добитниците на нобеловата награда за физиологија или медицина во Стокхолм, почнува Нобеловата недела.
-
Свет 03.10.2016 11:27
Отфрлен мировниот договор во Kолумбија
Над 50 насто од колумбиските гласачи на вчерашниот референдум го отфрлија мировниот договор меѓу владата и бунтовничкото движење „Револуционерни вооружени сили на Колумбија“.
-
Свет 03.10.2016 10:35
ЕП ја почнува Есенската сесија
Европскиот парламент денеска ја почнува Есенската сесија во Стразбур. На дневниот ред ќе сe разгледуваат: миграцијата, цените на мобилните услуги и правата на жените.
-
Свет 03.10.2016 10:03
Орбан прогласи победа на референдумот за мигранти
Унгарскиот премиер Виктор Орбан прогласи победа на референдумот за задолжителни квоти за мигрантите во ЕУ и покрај излезноста која беше пониска од потребните 50%.







