Сириските владини сили го зазеле центарот на Алепо којшто беше под контрола на бунтовниците. Продолжуваат пресметките во најголемиот сириски град и важен стратешки центар откако дел од градот зазедоа бунтовниците во 2012-та година.
-
Свет 28.09.2016 12:24
-
Свет 28.09.2016 12:11
Либија со нова влада со обединети оружени сили
Во Либија ќе бидат формирани нова влада и обединети оружени сили, кои ќе ги вклучуваат силите под контрола на генерал Халифа Хафтар, кој ги раководи клучните нафтени наоѓалишта во земјата.
-
Свет 28.09.2016 11:26
ФБИ: Уништување на калифатот на ИД ќе донесе зголемување на екстремистичките напади
ФБИ предупреди дека Светската заедница треба да се подготви за значајно зголемување на екстремистичките напади, доколку биде уништен калифатот на Исламска држава во Ирак и Сирија.
-
Свет 28.09.2016 10:51
Обама го именува првиот американски амбасадор на Куба по пауза од 55 години
Американскиот претседател Барак Обама го именуваше дипломатот Џефри де Лорентис за прв амбасадор на САД на Куба.
Пред 55 години, двете земји ги прекинаа односите. Американската амбасада во Хавана беше повторно отворена лани.
-
Свет 28.09.2016 10:44
Масовно труење со нелегално произведена вотка во Украина
20 луѓе починале од отровна вотка во сиромашните делови на Украина.
Властите привеле пет осомничени лица, сопственици на продавници, кои се соочуваат со затворска казна до 10 години доколку бидат осудени за незаконско производство на вотка.
-
Свет 28.09.2016 10:02
Почина Шимон Перес
Почина поранешниот израелски претседател и виден државник, Шимон Перес. Пред две недели, 93-годишниот Перес беше хоспитализиран во Тел Авив поради тежок мозочен удар.
-
Свет 27.09.2016 14:15
Прва претседателска дебата: Спротивставени ставови околу економијата
Првата претседателска дебата заврши со најмногу спротивставени ставови околу економијата.
-
Свет 26.09.2016 08:35
Граѓаните на РС гласаа 9 јануари да остане Ден на Републиката
Во Република Српска е одржан рефендум, на кој граѓаните се изјаснија дека и иднина ќе го прославуваат 9 јануари како Ден на РС.
Големо мнозинство од граѓаните на РС гласаа 9 јануари да остане Ден на РС.
-
Свет 23.09.2016 14:56
Сириската војска прогласи офанзива во Алепо
Камиони со хуманитарна помош повторно влегоа во Сирија во време додека трае офанзивата на сириската војска во Алепо, првпат по смртоносниот напад на конвој на обединетите народи од почетокот на неделава и откако пропаднаа сите дипломатски напори да се одржи примирјето.
-
Свет 23.09.2016 13:13
Хуманитарни камиони влегоа во Сирија
Камиони со хуманитарна помош повторно влегоа во Сирија во време додека трае офанзивата на сириската војска во Алепо, првпат по смртоносниот напад на конвој на Обединетите народи од почетокот на неделава и откако пропаднаа сите дипломатски напори да се одржи примирјето.










