Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж го прекрши ветувањето дека ќе ја напушти амбасадата на Евкадор во Лондон доколку САД го помилуваат војникот Челси Менинг.
-
Свет 30.01.2017 12:00
-
Свет 30.01.2017 10:40
Павлопулос: Турција го прекрши Договорот од Лозана
Претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, изјави дека Турција го прекрши Договорот од Лозана. Изјавата следува, по нарушувањето грчката морска граница во реонот на островите Имија/Кардак, што беше причина за конфликт меѓу двете држави во јануари 1996 година.
-
Свет 30.01.2017 10:01
Квебек: Шест лица убиени, осум повредени во напад во џамија
Шестмина загинаа, а осуммина се повредени во џамија во Квебек откако две вооружени лица отвориле оган за време на вечерната молитва. Канадскиот премиер Џастин Трудо го осуди нападот во Исламскиот културен центар. Џамијата и порано била цел на исламофобични напади.
-
Свет 27.01.2017 14:35
Трамп подготвува документ за укинување на санкциите кон Русија
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп подготвила документ со кој се укинуваат санкциите за Русија, соопшти научен соработник на аналитичкиот центар „Атлантик каунсил“, Фабрис Потје.
-
Свет 27.01.2017 12:24
Успешна акција на руските и турските сили во Сирија
Русија и Турција спровеле заедничка воздушна операција во сирискиот град Ал Баб, откако размениле податоци за целите на т.н. Исламска дражава. Во акцијата биле уништени три командни центри и неколку упоришта на исламистите.
-
Свет 27.01.2017 12:03
Албанската влада ќе брише долгови на поединци од бизнис-сферата
Албанската влада ќе му предложи на Парламентот бришење на долговите на поединци од бизнис-сферата.
Вкупниот износ што би им бил простен изнесува 660 милони евра, што претставува шест насто од БДП.
-
Свет 27.01.2017 11:21
Словенија ќе ги запира мигрантите без можност за молба за азил
Словенечкиот парламент донесе нацрт-закон за запирање на мигранти на границата со Хрватска без да им даде можност да поднесат молба за азил. Мерката беше одобрена со 47 против 18 пратенички гласа.
-
Свет 27.01.2017 11:06
ПССЕ бара утврдување на правилата за обврските на онлајн медиумите
Парламентарното собрание на Советот на Европа бара да бидат утврдени правилата за обврските на онлајн медиумите и новинарите.
Државите-членки треба да дискутираат за стандардите и механизмите за спречување на нарушување на информациите и манипулација на јавното мислење.
-
Свет 27.01.2017 10:44
Тереза Меј во посета на САД
„САД и Велика Британија имаат одговорност да воспостават специјални трансатлантски односи на почетокот на една нова ера и се должни повторно заедно да го водат светот“, изјави британската премиерка Тереза Меј, која е во прва посета на САД во оваа функција.
-
Свет 27.01.2017 10:29
Трамп најави поконкретен сојуз со ЕУ
Европа останува сојузник на Соединетите Американски Држави, но европските држави долго време се богатеа на сметка на Америка, е ставот на новиот американски претседател Доналд Трамп.










