748 лица биле приведени во големата операција на турското МВР против членови на Исламска држава.
Во неделата Турција почна голема операција во 29 окрузи во државата, вклучително и Истанбул и Анкара.
748 лица биле приведени во големата операција на турското МВР против членови на Исламска држава.
Во неделата Турција почна голема операција во 29 окрузи во државата, вклучително и Истанбул и Анкара.
Русија, Турција и Иран на средба во Астана го анализираат спроведувањето на договорот за прекин на огнот во Сирија. За првпат на ваков состанок учествува и Јордан.
„Одлуката за нов референдум за независноста на Шкотска може да биде донесена во следните недели“, изјави Рос Грир, пратеник на шкотската Зелена партија.
Датумот за второто гласање би бил одреден во согласност со процесот на британското напуштање на Европската Унија.
Американскиот претседател Доналд Трамп објави на Твитер дека на Министерството за внатрешна безбедност му наредил внимателно да ги проверува луѓето кои влегуваат во САД.
И покрај одлуката за повлекување на уредбата за ублажување на антикорупцискиот закон, граѓаните на Романија повторно излегоа на протести и побараа оставка од владата и предвремени парламентарни избори.
Земјотрес со интензитет од 5,1 степени според Рихтеровата скала рано изутрина е регистриран на грчкиот остров Лезбос во источниот дел на Егејското Море. Како што соопшти атинскиот Геофизички институт, епицентарот на потресот бил во северниот дел на Лезбос.
Премиерот на Романија најави дека не планира да ја повлече спорната уредба со која се ублажува законот за корупција што предизвика масовни протести во Букурешт. Претседателот поднесе жалба до Уставниот суд, кој доколку не реши поинаку, уредбата ќе стапи во сила во наредните седум дена.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го предупреди Техеран дека си „игра со оган“ и оти кон Иран нема да биде „така љубезен“ како што беше неговиот претходник.
Јас не!, објави Трамп на Твитер.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг е во посета на Косово. По влошените односи на релација Белград-Приштина, тој ги повика двете страни да ја спуштат топката.
Над 250 илјади демонстранти во Букурешт протестираа против уредбата со која се ублажува законот за корупција. Премиерот на Романија Сорин Гриндеану најави дека не планира да ја повлече спорната одлука која се однесува на политичарите.