• Свет 26.01.2017 15:38

    Виена: Осуммина приведени поради можни врски со ИД

    Австриската полиција привела осум лица во текот на рациите спроведени во Виена и во Грац во рамките на истрагата за можните врски со екстремистичката Исламска држава.

  • Свет 26.01.2017 15:33

    Берлин: Тинејџерка осудена на шест години затвор

    Симпатизерка на терористичката организација Исламска држава е осудена на шестгодишна затворска казна, откако во февруари минатата година на главната железничка станица во Хановер со нож нападнала полицаец. 

  • Свет 26.01.2017 14:42

    Ван Дер Белен: Ќе бидам претседател на сите граѓани

    Новиот претседател на Австрија, Александер Ван Дер Белен во своето прво обраќање до јавноста, по положувањето заклетва, истакна дека сака да биде претседател на сите граѓани, оценувајќи дека Европската Унија е мировен проект во кој треба да се вложи напор за да се зачува.

  • Свет 26.01.2017 12:38

    Гарманија со нов закон за патарини

    Германската влада прифати нов закон за патарина за личните возила кој наиде на силен отпор од соседните земји иако беа усвоени измените по налог Европската комисија.

  • Свет 26.01.2017 11:35

    Жолтата грозница усмрти 40 луѓе во Бразил

    Бразил е во опасност од епидемија на жолта треска која во последниве два месеца усмрти 40 луѓе, што е рекорден број жртви од вирусот во последните 14 години.

    За ова заболување постои вакцина и доколку не се превенира може да предизвика и откажување на работата на бубрезите и крвавење.

  • Свет 26.01.2017 11:00

    Пронајдени 29 жртви од лавината во Италија

    Вкупниот број загинати во хотелот во централна Италија кој беше затрупан од лавина се зголеми на 29. 11 луѓе се спасени, меѓу кои и 4 деца. Несреќата беше предизвикана од серија земјотреси.

  • Свет 26.01.2017 10:26

    Започнува изградбата на ѕид кон Мексико

    По наредба на американскиот претседател Доналд Трамп од денеска започнува изградбата на ѕид кон Мексико. При посетата на Департментот за домашна безбедност, Трамп соопшти дека одобрил вработување на 5.000 гранични агенти и зголемување за четири пати на силите за имиграција и царина.

  • Свет 25.01.2017 15:20

    Меј наскоро ќе објави план за Брегзит

    Британската премиерка Тереза Меј наскоро ќе објави детален нацрт-план за процесот на излез од Европската унија.

    Со документот ќе се активира членот 50, што е формален процес за напуштање на европскиот блок.

  • Свет 25.01.2017 12:38

    Белград и Приштина ја спуштаат топката, дијалогот продолжува

    Претседателите и премиерите на Србија и на Косово по состанокот во Брисел  со Федерика Могерини -се договорија да го продолжат дијалогот по тензиите во изминатиот период.

  • Свет 25.01.2017 12:32

    Ирак: Источниот дел од Мосул целосно ослободен од борците на ИД

    Ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади изјави дека источниот дел од Мосул е целосно ослободен од борците на Исламска држава. Офанзивата почна пред три месеци.

Pages