• Свет 15.11.2016 13:11

    Американскиот претседател во посета на Грција

    За од прилика половина час во Атина се очекува да започне средбата меѓу грчкиот премиер Алексис Ципрас и американскиот претседател Барак Обама кој што изутрината пристигна во дводневна посета на Грција. 

  • Свет 15.11.2016 13:09

    „Тајмс“: Британската влада нема план за Брегзит

    „Британската Влада нема план за излез од Европската Унија, а поради поделбите во Кабинетот, преговарачката стратегија можеби нема да биде усвоена во следните шест месеци“, се наведува во доверлив документ кој стигна до весникот „Тајмс“.

  • Свет 15.11.2016 12:23

    Русија: Приведен министерот за економија поради мито

    Рускиот министер за економија Алексеј Улјукаев е приведен под сомнение за мито од два милиона долари за издавање позитивна оценка со која нафтената компанија Роснефт добила 50 насто од Башнефт.

  • Свет 15.11.2016 11:35

    ФБИ: Зголемен број напади врз муслиманите

    Според најновиот извештај на Федералното истражно биро, бројот на злосторствата во САД поттикнати од омраза се зголемил за седум насто, а бројот на нападите врз муслиманите се зголемил за 67.

  • Свет 15.11.2016 11:13

    Германија: Полициска акција против следбеници на ИД

    Германската полиција изврши претреси во десет провинции против осомничени поддржувачи на терористичката групација Исламска држава.

  • Свет 15.11.2016 11:06

    Серија напади во Багдад

    14 лица загинаа во серија самоубиствени бомбашки напади во Багдад што ги извршија припадници на Исламска држава. Напаѓачите раниле и десетици цивили.

  • Свет 15.11.2016 10:44

    Нов Зеланд: Евакуација на туристи и локални жители

    Спасувачките тимови во Нов Зеланд евакуираат туристи и локални жители во градот Каикура, кој првин беше погоден од серија силни земјотреси, а сега и од невреме. Во операцијата учествуваат авиони,  хеликоптери и бродови.

  • Свет 15.11.2016 10:18

    Трамп ги објави првите наименувања

    За првпат Белата куќа ќе биде управувана од двајца членови на кабинетот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

  • Свет 15.11.2016 10:10

    Обама во посета на Атина

    Според грчкиот весник „Катимерини“, говорот на американскиот претседател во заминување Барак Обама, кој е во посета на Атина, ќе ги истакне достигнувањата на неговата администрација.

  • Свет 14.11.2016 16:50

    Брисел: Безбедноста и одбраната во фокус

    Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини е убедена дека со денешниот педлог за зајакнување на безбедноста и одбраната, Европската унија ќе се профилира во веле сила. Пред почетокот на Советот на министрите за надворешни работи и одбрана, таа најави што е главно на агендата.

Pages