Десничарот Хозе Антонио Каст победи на претседателските избори во Чиле освојувајќи убедливи 58 насто од гласовите против левичарската кандидатка Жанет Хара, која освои 42 процента.
-
Свет 15.12.2025 09:14
-
Свет 15.12.2025 08:36
Знамињата на половина копје по нападот во Сиднеј
Знамињата во Сиднеј на половина копје по смртоносниот напад на плажата Бонди. Двајца вооружени напаѓачи убија најмалку 16 и ранија десетици лица на еврејски настан. Големите градови, вклучувајќи ги Берлин, Лондон, Њујорк и Варшава, ја засилија безбедноста околу настаните за Ханука.
-
Свет 14.12.2025 17:15
Најмалку петмина убиени во напад врз Газа, израелската армија тврди дека е ликвидиран висок командант на Хамас
Најмалку пет лица загинаа, а над 25 се ранети во израелски воздушен напад во Газа - обвинуваат палестинските власти.
-
Свет 14.12.2025 13:43
Тројца Американци убиени во напад на Исламската држава во Сирија
Тројца Американци, меѓу кои двајца војници и еден цивилен преведувач, загинаа во Сирија во заседа извршена од вооружен напаѓач поврзан со Исламска држава – соопшти американската Централна команда. Во нападот се повредени уште тројца американски војници, а напаѓачот е ликвидиран.
-
Свет 14.12.2025 13:03
Двајца загинати и деветмина повредени во пукање на Универзитетот Браун во САД, напаѓачот е во бегство
Двајца студенти се убиени, а деветмина ранети на Универзитетот „Браун“ во Род Ајленд откако вооружен напаѓач влегол во зградата, се упатил кон училницата на првиот кат во којашто се одржувал испит и почнал да пука. По крвавиот чин се дал во бегство.
-
Свет 14.12.2025 12:22
Грчките земјоделци ја одбија средбаta со Мицотакис
Грчките земјоделци ја одбија утрешната средба со премиерот Мицотакис и најавија интензивирање на протестите поради високите производствени трошоци, ниските откупни цени и неисплатените субвенции.
-
Свет 14.12.2025 10:50
Тајланд прогласи полициски час
Тајланд прогласи полициски час по најновата ескалација на судирите со Камбоџа. Мерката важи за граничната покраина Трат, откако борбите се проширија кон крајбрежјето, и покрај најавите за можен прекин на огнот.
-
Свет 13.12.2025 18:27
Борбите меѓу Тајланд и Камбоџа продолжуваат
Борбите меѓу Тајланд и Камбоџа продолжуваат и покрај изјавата на Трамп дека е договорен прекин на огнот.
Бангкок соопшти дека примирје е можно само ако Камбоџа ги повлече силите и ги отстрани мините од границата. Пном Пен, пак, тврди – се бори за својот суверенитет.
-
Свет 13.12.2025 16:18
Се подобрува ситуацијата по поплавите во сојузната држава Вашингтон
Се подобрува ситуацијата во сојузната држава Вашингтон по историските поплави што го зафатија северозападот од земјата. Водата постепено се повлекува, но властите повикуваат на внимателност бидејќи водостојот на реките и натаму се високи, а ситуацијата останува динамична и непредвидлива.
-
Свет 13.12.2025 15:17
Смртоносни поплави во Газа, помошта блокирана
Дождот ги натопи шаторските кампови во Газа додека зимската бура се спушти на територијата, покажувајќи како двата месеци прекин на огнот не успеаја да се справат со растечката хуманитарна криза таму.










