• Свет 11.09.2014 15:58

    Поплави во Јапонија - Евакуирани над 900 илјади луѓе

    Силни дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во Северна јапонија. Во Сапоро Сити на Хокаи до четворица работници кои работеле на поправка на пат  оштетен од вода и кал, биле повредени кога во нив удрило возило. Еден од нив починал. Поплавата го уништила патот.

  • Свет 11.09.2014 13:58

    Невреме во Хрватска!

    По најдождливото лето во историјата, Хрватска уште не раскрсти со бурите. Со над 100 литри дожд на квадратен метар се соочуваат Далмација, Горски Котор и Лика. Во Шибеник се поплавени над 100 домови, а во Задар водата ги туркаше бандерите.

  • Свет 11.09.2014 13:50

    Русија го редуцира гасот за Европа?!

    По Полска, и Германија соопшти дека има намалување во испораката на руски природен гас поради тензиите меѓу Русија и Европската унија во врска со кризата во Украина.

  • Свет 11.09.2014 13:21

    Обама: Директен напад на Исламската држава

    Без двоумење ќе ја проширам воената кампања и воздушните напади против екстремистите на Исламската држава во Ирак и Сирија, порача американскиот претседател Барак Обама во директното телевизиско обраќање до Американската нација.

  • Свет 11.09.2014 11:28

    Реткост: Китови забележани во Јадранско море

    Пет китови се забележани во водите на Jадранското море во близина на островот Вис, кај Шибеник. Китовите кои се откриени од крајбрежната стража се вистинска реткост во овие води и се соочуваат со опасност од заринкување.

  • Свет 11.09.2014 11:12

    Во Москва уапсен член на „Исламската држава“

    Руските разузнавачки служби уапсија маж во Москва за кој се сомневаат дека е член на милитантната група Исламска држава која во моментов е најактивна во Сирија и во Ирак.

  • Свет 11.09.2014 11:09

    Украина вовоедува санкции против руските компании

    Украинскиот претседател Петро Порошенко потпиша Закон со кој и се овозможува на Владата да воведе санкции против руските компании и поединци осомничени за поддршка и финансирање на сепаратистичките бунтовници во источниот дел на Украина.

  • Свет 11.09.2014 10:17

    САД: 13 години од терористичките напади од 11-ти септември

    САД денеска одбележуваат 13 годишнина од нападите од 11 септември 2001-та во Њујорк и Вашингтон, во кои загинаа речиси 3.000 лица.

  • Свет 10.09.2014 19:05

    Започнува „Летниот Давос“ - Создавање вредност преку иновации

    Стотици бизнисмени и истражувачи, во кинескиот град Тијанџин од денеска до петок се среќаваат на годишниот Светски економски форум. Летниот Давос се одржува под мотото „Создавање вредност преку иновации“.

  • Свет 10.09.2014 17:10

    Специјален статус за Доњецката и Луганската област?

    Украинскиот претседател Порошенко соопшти дека следната недела во парламентот ќе го презентира нацрт-законот за давање специјален статус на некои делови од Доњецката и Луганската област.

Pages