Во тензична атмосфера, со камења, петарди, шишиња и солзавец помина протестот во Србија под слоганот „Се гледаме на Видовден“. Властите приведоа демонстранти, има повредени.
-
Свет 29.06.2025 11:43
-
Свет 29.06.2025 09:01
Немири меѓу демонстрантите и полицијата на вчерашниот протест во Белград
Српската полиција употреби солзавец во обид да растера демонстранти во центарот на Белград кои фрлаа кон нив со шишиња и петарди. Министерот за внатрешни работи Дачиќ ги осуди нападите врз припадниците на полицијата.
-
Свет 28.06.2025 16:38
Протест за Видовден во Белград
За денеска во Србија се најавени два големи собира. Владата најави централна прослава за одбележување на српскиот празник Видовден во Крушевац, а студентите во блокада собир за попладне најавија протест во Белград.
-
Свет 28.06.2025 12:23
Иран ги оплакува загинатите во војната
Илјадници ужалени Иранци излегоа на улиците во Техеран да им оддадат последна почит на шефот на Револуционерната гарда и други врвни команданти и нуклеарни научници убиени за време на 12-дневната војна со Израел.
-
Свет 27.06.2025 20:43
Бугарија доби зелено светло од ЕУ, од 1 јануари 2026 го воведува еврото
Бугарија доби зелено светло од лидерите на Европската Унија да ја користи заедничката валута евро од први јануари 2026 година. Софија станува 21-ва членка на еврозоната.
-
Свет 27.06.2025 15:51
Продолжува притисокот на Блискиот Исток
САД се на дипломатски пат со Иран. Трамп сака мир, американските претставници се во комуникација со иранските лидери, велат од Белата Куќа. Изјавата следува откако врховниот лидер Хамнеи рече дека Иран и удрил шлаканица на Америка.
-
Свет 27.06.2025 15:05
Екстремни временски услови во Европа
Екстремни временски услови во Европа. Бура, дожд и град во Хрватска, Италија, Франција, Австрија.
Високите температури ги проширија пак пожарите во Грција.
Пламените јазици јужно од Атина уништија домови и предизвикаа евакуации во крајбрежните градови.
-
Свет 27.06.2025 12:26
ЕУ подготвена за трговски договор со САД
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, уверува дека блокот е подготвен за договор со Вашингтон, но навести подготовки за контрамерки доколку не се исполни рокот до 9 јули. Според Брисел, сите опции се на маса.
-
Свет 27.06.2025 10:54
ЕУ без договор за Киев, Зеленски бара санкции
Лидерите на земјите членки на Европската Унија не успеаја да постигнат договор околу предложените заклучоци за Украина. Во текстот што е усвоен се истакнува дека Европскиот совет разменил мислења со украинскиот претседател и ќе се врати на оваа тема на следниот состанок.
-
Свет 27.06.2025 09:45
30 милиони долари помош за Палестинците
Стејт департментот потврди дека одобрил 30 милиони долари за приватната организација која обезбедува хуманитарна помош за Палестинците во Газа.










