Тројца африкански лекари заболени од ебола добиле доза од експерименталниот американски лек против смртоносниот вирус. Лекарите, двајца од Либерија и еден од Нигерија, се првите африканци подложни на овој третман.
-
Свет 17.08.2014 16:09
-
Свет 17.08.2014 16:04
Полицијата со солзавец ги растера демонстрантите во Фергусон
Американската полиција употреби солзавец за да ги растера демонстрантите во Фергусон кои и покрај воведувањето полициски час одбиваат да се повлечат.
-
Свет 17.08.2014 13:33
Сепаратисти соборија украински „МиГ-29“
Проруските бунтовници собориле украински борбен авион на истокот од земјата.
Леонид Матјукин, портпарол на украинската војска изјави дека леталото МИГ-29 е соборено над регионот Луганск. Пилотот, кој успеал да го напушти леталото, е спасен од страна на украинската војска. -
Свет 17.08.2014 13:06
Хамас му се закани на Израел со долготрајна војна
Израел мора да ги прифати барањата на палестинскиот народ или ќе се соочи со долготрајна војна, објави високиот претставник на Хамас, Осама Хамдан на својот профил на Фејсбук.
-
Свет 16.08.2014 18:24
Еболата забрзано се шири во Западна Африка
Се подраматична е состојбата со ебола во Западна Африка. Смртоносниот вирус забрзано се шири и надлежните тешко се справуваат со него. Епидемијата во овој дел на светот ќе беснее уште најмалку 6 месеци, предупредуваат од Светската здравствена организација.
-
Свет 16.08.2014 16:27
Џихадисти нападнаа село на Јазиди и убија 80 лица
Џихадистите нападнаа село на Језидите во северен Ирак ликвидирајќи 80 мажи и киднапирајќи 100 жени кои биле транспортирани во Мосул и Тал Афар, градови контролирани од екстремистите. Според шефот на ирачката дипломатија Зебери, мажите биле убиени бидејќи одбиле да го прифатат исламот.
-
Свет 16.08.2014 16:19
Меркел побара од Путин да ја сопре поддршката за сепаратистите
Германската канцеларка Ангела меркел побара од рускиот претседател Путин да престане со испраќањето воена опрема и луѓе во Украина.
-
Свет 16.08.2014 13:47
ОН усвоија резолуција против џихадистите во Ирак и Сирија
Советот за безбедност на ОН усвои синоќа едногласно резулуција чија цел е да се оневозможи финансирањето на екстремистите во Ирак и во Сирија, како и да се спречи приливот на нови екстремистички борци од странство.
-
Свет 15.08.2014 18:56
Брисел: Русија да се држи подалеку од Украина
Рускиот конвој хуманитарна помош за истокот на Украина чека на темелна проверка пред границата. Москва негира дека им доставува оружје на бунтовниците. Сепак, границата синоќе ја поминал конвој оклопни возила на руската војска. Киев вели дека неговите сили делумно го уништиле.
-
Свет 15.08.2014 18:50
Откриен идентитетот на полицаецот кој го застрела афроамериканското момче
Во повеќе од 90 градови во САД се одржа протестно бдеење поради убиството на 18-годишниот невооружен афроамериканец во Фергусон, но и за сите жртви на полициската бруталност. Во јавноста е откриен идентитетот на полицаецот кој пукаше.










