-
Свет 19.08.2014 15:14
Миро Церар мандатар на новата словенечка влада
Претседателот на Словенија, Борут Пахор денеска го номинира правникот Миро Церар за премиер, откако неговата новосоздадена левоцентристичка Партија на Миро Церар (ПМЦ) победи на изборите во јули. -
Свет 19.08.2014 11:55
Бугарија ја стопира изградбата на Јужен тек
Бугарското министерство за економија и енергетика нареди веднаш да престанат сите активности во Бугарија за изградба на гасоводот Јужен тек, додека проектот во целост не се усогласи со барањата на Европската комисија.
-
Свет 19.08.2014 10:59
Пожар во Калифорнија, евакуирани 15.000 лица
Голем пожар во Калифорнија. Огнената стихија проголтала околу 200 хектари шума, а се заканува и на околу 3 илјади куќи.
-
Свет 19.08.2014 10:49
„Исламска држава“: Американците ќе бидат напаѓани секаде во светот
Екстрамистичката организација Исламска држава, која зазема поголем дел од Ирак, го предупреди Вашингтон дека американците ќе бидат напаѓани секаде во светот, доколу во воздушните напади бидат убиени нивни борци.
-
Свет 19.08.2014 10:38
Не стивнуваат немирите во Фергусон
Не престануваат немирите во американскиот град Фергусон. Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои веќе 9-ти ден протестираат по убиството на афроамерикански тинејџер од страна на полицијата.
-
Свет 18.08.2014 19:34
И животните страдаа од израелските ракети во Газа
Од овие неодамнешни израелски ракети врз Газа не страдаа само луѓето. Во повеќедневното гранатирање трпеа и животните. Голем број се убиени од шрапнелите или се заробени во нивните оштетени кафези.
-
Свет 18.08.2014 16:44
Нападнат и ограбен Саудиски принц во Париз
Спектакуларен грабеж во Париз. Цел на добро организираниот напад и грабеж бил Саудиски принц, чиј идентите не се соопштува. Потвредено е дека вооружените напаѓачи се збогатиле за 250.000 евра, а со себе однесле и важни документи.
-
Свет 18.08.2014 16:39
Украинска криза: Постоигнат мал прогрес на министерската средба во Берлин
Лавров, Климкин, Штајнмаер, Фабиус – сите со една цел- прекин на огнот во Украина.
-
Свет 18.08.2014 14:39
Ескалираа демонстрациите во Фергусон - ранети, уапсени, демолирани продавници
Еден критично ранет, седум уапсени и демолирани продавници е билансот од вчерашните насилни демонтрации во американскиот град Фергусон во Мисури. Полицијата со солзавец и димни бомби се обидела да ја растури толпата којашто не го почитувала воведениот полициски час.
-
Свет 18.08.2014 13:40
Асанж ќе ја напушти Амбасадата на Еквадор во Лондон
Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж денеска изјави дека набрзо ќе ја напушти Амбасадата на Еквадор во Лондон, каде пред две години најде засолниште поради обвиненијата за силување и сексуално вознемирување во Шведска.










