Американскиот државен секретар за одбрана Чак Хејгел очекува нова офанзива на џихадистите во Ирак, кој според него претставуваат непосредна закана за интересите на САД и затоа мора да биде поразена, изјави Хејгел додавајќи дека воздушните напади помогнале ирачките и курдски сили да ги повратат те
-
Свет 22.08.2014 10:56
-
Свет 22.08.2014 10:46
33 мртви, над 40 повередени во автобуска несреќа во Египет
Најмалку 33 лица загинаа, а 40-мина се повредени при несреќа меѓу два автобуса што се случи изутрината во Египет. Меѓу повредените има граѓани на Русија, Јемен и Саудиска Арабија.
-
Свет 21.08.2014 19:33
Четворица странци киднапирани од џихадистите на ИДИЛ
Уште четворица странци се киднапирани од џихадистите на ИДИЛ во сирискиот град Алепо. Биле однесени кон североисточната провинција Ракка, која речиси е целосно под контрола на екстремистите.
-
Свет 21.08.2014 19:08
САД продолжуваат со воздушните напади против џихадистите од Исламската држава
САД нема да ги запрат воздушните напади во борба против Исламската држава, и покрај убиството на новинарот Џејмс Фојли, за кој како што изјави американскиот министер за правда е почната кривична постапка.
Ерик холдер, министер за правда на сад
-
Свет 21.08.2014 17:38
Хамас се закани со одмазда за убиените команданти
Хамас упати закана дека ќе се одмазди за смртта на нивните тројца команданти кои беа убиени во израелски воздушен напад во Појасот Газа. Нивниот портпарол изјави дека Израел нема да го ослабе нивниот отпор, при што земјата ќе ја плати цената.
-
Свет 21.08.2014 17:33
Со експериментален лек подобрена состојбата на американски доктор заразен од ебола
Американскиот доктор Кент Брантли кој беше заразен со ебола наскоро ќе ја напушти болницата во Атланта, благодарение на експерименталниот лек.
Тој се зарази со вирусот во Либерија, по што на почетокот на Август беше пренесен во САД. Еболата досега одзема 1400 животи во Западна Африка.
-
Свет 21.08.2014 16:26
Британија во потрага по џихадистот кој го егзекутира американскиот новинар
Британската полиција и безбедносните агенции покренаа потрага за да го откријат идентитетот на британскиот џихадист кој учествуваше во егзекуцијата на заробениот американски новинар Џејмс Фоли.
-
Свет 21.08.2014 16:08
Почина поранешниот ирски премиер Алберт Рејнолдс
Денеска во Даблин, во 81-та година од животот, почина поранешниот ирски премиер Алберт Рејнолдс.
Во главниот град на Ирска веднаш по неговата смрт, му се одаде големо признание за она што тој го постигна како премиер.
Поранешниот премиер Рејнолдс страдаше од Алцхајмерова болест.
-
Свет 21.08.2014 15:37
Украина треба да исплати 100 милиони долари на руски „Татнефт“
Руската нафтена компанија „Татнефт“ го доби спорот пред меѓународниот арбитражен суд и правото на компензација на загубите од страна на Украина во износ од 100 милиони американски долари.
-
Свет 21.08.2014 11:36
Министерот за правда на САД во Фергусон- состојбата сеуште тензична
Американскиот претседател Барак Обама го испрати министерот за правда, Ерик Холдер во Фергусон со цел да го смири населението коешто со денови протестира по убиството на млад афроамериканец од страна на полицаец.










