Поранешниот норвешки премиер Јенс Столтенберг ќе биде нов генерален секретар на НАТО, соопшти алијансата по седницата на Советот на НАТО во Брисел.
-
Свет 28.03.2014 16:52
-
Свет 28.03.2014 15:52
Германија ќе воведе ограничено двојно државјанство
Германија планира да воведе ограничено двојно државјанство за млади луѓе родени во земјата, а се деца на странски државјани.Условот е да се полнолетни и да имаат живеено во Германија 8 години. Претходно со закон се бараше родителите да бидат германски државјани.
-
Свет 28.03.2014 15:48
Нов вооружен напад во Кабул
Вооружени Талибанци нападнаа гостилница близу до авганистанскиот парламент. Борбите се уште траат по првичната експлозија, најверојатно на автомобил бомба. Во времето на нападот во гостилницата немало странски државјани.
-
Свет 28.03.2014 15:45
Путин нареди да и се врати на Украина сето оружје и воена опрема
Рускиот претседател Путин нареди да и се врати на Украина сето оружје и воена опрема на кримските единици што не преминаа во руската војска. Според него, Крим бил сериозен тест за подготвеноста и воздржаноста на оружените сили на Русија.
-
Свет 28.03.2014 12:52
Орбан: Санкциите против Русија се штетни
Унгарија е против иницијативата ЕУ да воведе економски санкции кон Русија, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
-
Свет 28.03.2014 12:47
Гаф на Обама: Косово си изгласа независност на демократски референдум
Изјавата на претседателот на САД, Барак Обама, дека "Косово станало независна држава на основа на референдум", е трагично извртување на историјата, пишува белградскиот весник "Блиц".
Во својот говор, кој пред два дена го одржа во Брисел, Обама рекол:
-
Свет 28.03.2014 12:42
Партијата на Ердоган веројатен победник на локалните избори во Турција
Турската владејачка Партија на правдата и развојот, на премиерот Реџеп Таип Ердоган, ќе победи на локалните избори, што ќе се оддржат во недела, со 46 отсто од гласовите, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Конда“, позната по своите точни прогнози.
-
Свет 28.03.2014 12:40
Западот бара и Србија да воведе санкции за Русија
Западните земји бараат од идниот премиер Александар Вучиќ, Србија да им се придружи на членките на Европската Унија и да ѝ воведе санкции на Русија поради кризата на Крим, пишува ,, Вечерње новости”.
-
Свет 28.03.2014 12:34
Се урна авион што учествувал во потрагата на малезискиот боинг
Индиски товарен авион Херкулес што учествувал во потрагата по исчезнатиот малезиски боинг се урна во Мајда Прадеш. Загинаа 5-темина членови на екипажот. По најновите анализи, потрагата по боингот продолжи на ново подрачје, поблизу до Перт.
-
Свет 28.03.2014 11:07
Нова насока во потрагата по остатоците од малезискиот авион
Променет правецот на потрагата по остатоците од исчезнатиот малезиски Боинг, откако австралиските власти соопштија дека леталото немало доволно гориво и не можел да стигне до Индискиот океан.










