• Свет 11.07.2014 13:03

    Eксплозија на гас во Турција

    Најмалку шест луѓе се повредени при експлозија на гас во западниот дел на Турција. Експлозија се случила во пекара при што била предизвикана голема материјална штета и на соседните  локали.

  • Свет 11.07.2014 12:21

    Трета смртносна офанзива на Израел

    Вашингтон е подготвен да посредува за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, соопшти Белата Куќа. Американскиот претседател Обама и израелскиот премиер Нетанјаху телефонски разговарале за кризата .

  • Свет 11.07.2014 10:34

    Џон Кери во посета на Авганистан

    Американскиот државен секретар Џон Кери во посета на Авганистан, на средба со претседателските кандидати Абдула Абдула и Ашраф Гани. 

  • Свет 11.07.2014 10:28

    Украинските сили ја повратија контролата над Сиверск

    Тензично е и во Украина. Судири меѓу украинската војска и проруските бунтовници. Портпаролот на војската Владислав Селезњов соопшти дека владините сили повторно го контролираат градот Сиверск, кој се наоѓа источно од Славјанск.

  • Свет 11.07.2014 10:24

    Вашингтон подготвен да посредува меѓу Израел и Хамас

    Вашингтон е подготвен да посредува за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, соопшти Белата куќа. Американскиот претседател Обама и израелскиот премиер Нетанјаху телефонски разговарале за кризата. Обама ги осудил ракетните напади но повикал на смирување на двете страни.

  • Свет 10.07.2014 18:11

    Берлин побара првиот човек на ЦИА да ја напушти земјата

    Првиот човек на ЦИА во Германија да ја напушти земјата, побара владата во Берлин, по двата регистрирани случаи на прислушување на канцеларката Меркел и на истрагата за оваа афера.

  • Свет 10.07.2014 15:08

    Околу 70.000 граѓани на Косово бараат азил

    Рак рана за либерализацијата на визниот режим на Косово со ЕУ е бројката од околу 70 илјади граѓани кои што побарале азил во некоја од земјите на Унијата, пишува приштинскиот весник ,,Зери”. 

  • Свет 10.07.2014 15:01

    Србија со бенефиции за повеќе деца

    Српската влада го стимулира раѓањето, на секоја мајка која родила едно дете ќе и бидат впишани по 6 месеци пензиски стаж,  а оние со две деца ќе добијат 12 месеци. Останува правилото за три и повеќе деца мајките да добијат 2 години екстра пензиски стаж. 

  • Свет 10.07.2014 14:57

    Франција ќе одзема пасоши на француски џихадисти

    Француската влада ќе ги суспендира на шест месеци патните исправи на државјаните кои им се придружуваат во борбите на исламските милитанти во Ирак и во Сирија.

  • Свет 10.07.2014 14:00

    Јапонија: Тајфунот Неогури се движи кон Кјушу

    Неогури, кој ја загуби силата на супертајфун, го погоди јапонскиот остров Кјушу, откако помина низ Окинава убивајќи најмалку три лица.

    „Тајфунот Неогури треба да го погоди Кјушу денес, а утре да се упати кон истокот на Јапонија“, велат од мереоролошката служба.

Pages