• Свет 12.06.2025 09:42

    Полицискиот час во Лос Анџелес и натаму во сила

    Администрацијата ќе продолжи со напорите за масовна депортација што претседателот и ги вети на американската јавност, велат од Белата куќа. Одново упатија критики кон властите во Калифорнија за неуспехот да воспостават ред на улиците по масовните протести.

  • Свет 12.06.2025 09:41

    Израелските сили пронајдоа останки на уште двајца заложници во Газа

    Израелските сили пронајдоа останки на уште двајца заложници држени во Газа. Според кабинетот на израелскиот премиер Нетанјаху, еден од заложниците е Јаир Јаков, убиен на 7 октомври 2023 година.

    Идентитетот на вториот заложник не е откриен.

  • Свет 12.06.2025 09:36

    Зеленски бара санкции за руските танкери за нафта

    Украинскиот претседател бара санкции за руските танкери за нафта и финансискиот сектор.

  • Свет 11.06.2025 12:41

    Прогласен полициски час во дел од Лос Анџелес

    Една квадратна милја е површината во градот на ангелите на којашто градоначалничката Бас прогласи полициски час во траење од осум навечер до шест часот изутрина. Од наредбата се изземени жителите на областа, бездомниците, медиумските работници и државните службеници.

  • Свет 11.06.2025 11:57

    САД и Кина постигнаа начелна согласност за трговската рамка

    Преговарачките тимови на САД и Кина постигнаа начелна согласност за трговската рамка, која сега треба да биде одобрена од претседателите Трамп и Џинпинг. Клучно прашање во преговорите се ретките метали од Кина – стратешки суровини за батерии, турбини на ветер и одбранбени технологии.

  • Свет 11.06.2025 10:32

    Во Австрија тридневна жалост

    Австрија во тага и тридневна жалост. Минутен молк за жртвите во масакрот во училиштето во Грац каде што беа убиени 10 лица, а уште едно подоцна им подлегна на повредите. Во дворот на објектот – ужалените семејства.

  • Свет 11.06.2025 09:51

    Вонредна состојба и полициски час во Лос Анџелес

    Во делови од центарот на Лос Анџелес воведен полициски час како одговор на грабежите и насилството за време на протестите против имиграциските рации. Во сила е до утринските часови.

  • Свет 11.06.2025 09:34

    Русија продолжува со масовни напади во Украина

    Русија продолжува со масовни напади во Украина. Во Харков жртви и десетици повредени. Јавува за соборени десетици украински дронови. САД ја повика Русија веднаш да престане со нападите откако изврши еден од најголемите воздушни удари врз Киев и Одеса.

  • Свет 11.06.2025 08:35

    Австрија: Оддавање почит на жртвите во училиштниот масакар

    Австрија во тага и тридневна жалост по масакрот во училиштето во Грац, каде што беа убиени 10 лица, а уште едно подоцна им подлегна на повредите. Илјадници граѓани со свеќи се собраа на плоштадот за да им оддадат почит на жртвите. Во нивна чест беше одржана и миса.

  • Свет 10.06.2025 17:01

    Масакр во средно училиште во Грац

    Незапаметен масакр во средно училиште во Грац, Австрија. Десетмина загинати и 12 повредени во напад со огнено оружје. Меѓу жртвите се еден наставник и осуммина ученици на возраст од 14 до 18 години.

Pages