Русија изврши нови напади врз Украина. Со 55 дронови Шахед и четири балистички ракети Искандер нападнати неколку региони. Руските сили пак објавија дека воздушната одбрана пресретнала 125 украински дронови над руските региони, од кои повеќето над Крим.
-
Свет 13.06.2025 09:30
-
Свет 13.06.2025 09:15
Израел го нападна Иран
Тел Авив почна напади врз цели во Иран. Израелските власти соопштија дека ги нападнале иранските нуклеарни постројки, фабриките за балистички ракети и воените команданти. Авиокомпаниите го евакуираа воздушниот простор над Израел, Иран и Ирак.
-
Свет 12.06.2025 18:19
Авион на „Ер Индија“ со 242 патници се урна во населено место, досега се извлечени 204 тела.
Патнички авион на „Ер Индија“ со 242 патници се урна непосредно по полетувањето во близина на аеродромот во западниот индиски град Ахмедебад, во населено место врз лекарски дом. „Боингот 787 Дримлајнер“ бил упатен кон аеродромот Гетвик во Лондон.
-
Свет 12.06.2025 12:56
Интензивен американски притисок врз Иран, Техеран не се откажува од збогатувањето на ураниумот
Интензивен американски притисок врз Иран, Техеран не ги почитува меѓународните обврски. Регионот станува опасна средина, потврди американскиот претседател Трамп и нареди повлекување на несуштинскиот персонал од соседната земја Ирак каде што се распоредени 2.500 американски војници.
-
Свет 12.06.2025 12:19
Индија: Авион со 242 патници се урна по полетувањето кон Лондон
Патнички авион на „Ер Индија“, со 242 патници се урна непосредно по полетувањето во близина на аеродромот во западниот индиски град Ахмедабад. Летот бил меѓународен и, според редовниот распоред, бил упатен кон аеродромот Гетвик во Лондон.
-
Свет 12.06.2025 12:11
Стејт департментот наредил заминување на дипломатскиот персонал од амбасадите на Блискиот Исток
САД му наредија на дипломатскиот персонал и нивните семејства да ги напуштат амбасадите на Блискиот Исток, поради растечките дипломатски тензии во регионот. Објавата следува откако Иран се закани дека ќе ги нападне американските воени бази во регионот доколку избувне конфликт.
-
Свет 12.06.2025 10:42
Гранатирана цивилна инфраструктура во Харков, има повредени
И ноќва нови напади во Украина. Гранатирана цивилна инфраструктура во Харков, има повредени, меѓу кои и деца. Вчера Москва ги предаде телата на 1.200 загинати украински војници во рамки на договорот постигнат во Истанбул. Денеска стартува итната размена на тешко ранети затвореници.
-
Свет 12.06.2025 09:42
Полицискиот час во Лос Анџелес и натаму во сила
Администрацијата ќе продолжи со напорите за масовна депортација што претседателот и ги вети на американската јавност, велат од Белата куќа. Одново упатија критики кон властите во Калифорнија за неуспехот да воспостават ред на улиците по масовните протести.
-
Свет 12.06.2025 09:41
Израелските сили пронајдоа останки на уште двајца заложници во Газа
Израелските сили пронајдоа останки на уште двајца заложници држени во Газа. Според кабинетот на израелскиот премиер Нетанјаху, еден од заложниците е Јаир Јаков, убиен на 7 октомври 2023 година.
Идентитетот на вториот заложник не е откриен.
-
Свет 12.06.2025 09:36
Зеленски бара санкции за руските танкери за нафта
Украинскиот претседател бара санкции за руските танкери за нафта и финансискиот сектор.










