Еден ден по референдумот за независност на самопрогласената Доњецка Република, силни експлозии одекнуваат во Славјанск. Украинската војска ги гранатира со тешка артилерија контролните пунктови, но руски Итар Тас известува за погодени куќи.
-
Свет 12.05.2014 14:12
-
Свет 12.05.2014 12:51
Литванската претседателка Грибаускаите води на изборите!
Литванската претседателка Далиа Грибаускаите води во првиот круг од претседателските избори, но не ги освои неопходните 50 насто гласови за победата, па ќе мора да ја потврди вкупната победа во вториот изборен круг на 25-ти мај, објави изборната комисија вр -
Свет 12.05.2014 12:38
Убиен десеттиот албанец во Сирија
Шериф Таршани од селото Молари кај Елбасан, Албанија е десеттиот албански државјанин кој животот го загубил во Сирија. Веста за убиството на Таршани е потврдена и од члениовите на неговото семејство. -
Свет 12.05.2014 11:42
Златна Зора ќе учествува на Европските избори
Грчкиот врховен суд одобри Златна Зора да учествува на претстојните избори за Европскиот парламент.
Одлуката е донесена и покрај криминалната истрага против крајната десница, чиишто шестмина пратеници, меѓу кои и лидерот, чекаат судење во затвор. -
Свет 12.05.2014 11:21
Завршуваат најголемите избори во светот
Индијците гласаат на последниот ден од петнеделните општи избори.Со 814 милиони гласачи, најголемите демократски избори во светот почнаа на 7-ми мај. -
Свет 12.05.2014 10:26
Доњецк се отцепува од Украина
Проруските сепаратисти прогласија победа на референдумот и отцепување на самопрогласената Доњецка Република. Денес треба да бидат објавени и конечните резултати. -
Свет 11.05.2014 18:42
Доњецк и Луганск гласаат независност
Локалните медиуми јавуваат дека излезноста е голема, луѓето чекаат во редици за да гласаат.Гласачки ливчиња ќе бидат однесени кај луѓето кои не се способни сами да дојдат да гласаат. Ние се грижиме и за нив. -изјави Валери Болотов гувернер на Луганск -
Свет 11.05.2014 16:30
Масовни протести во Банкок
По едномесечна пауза во Бангкок масовни протести на поддржувачите, но и на противниците на управувачката политичка структура. Тензиите се интензивираа по одлуката на уставниот суд да ја разреши премиерката Шинаватра и да наименува нејзин близок соработник како привремен претседател на владата.
-
Свет 11.05.2014 16:28
Нов напад и киднапирања во Нигерија.
Нов напад и киднапирања во Нигерија. Исламистичките екстремисти во местото Лиман Кара убија непознат број лица, киднапираа жена и еден полицаец во пензија. Локалните власти изјавија дека никој не останал да ги преброи жртвите бидејќи по нападот Лиман Кара го напуштиле 3 илјади жители.
-
Свет 11.05.2014 16:26
32 лица повредени во експлозија на бомба
Најмалку 32 лица се повредени при експлозија на бомба во дискотека во градот Велика Кладуша во северозападниот дел на Босна и Херцеговина. Еден од ранетите се наоѓа во критична состојба. Во експлозијата нема загинати.










