Хрватската влада, по неработниот петок, воведува и неработен четврток. Целта е да се сочуваат околу 2 илјади работни места во фирмите што се соочуваат со проблеми. Платите ќе бидат соодветно скратени, најмногу до износот на минималната, а остатокот ќе го надоместува државата.
-
Свет 08.05.2014 17:36
-
Свет 08.05.2014 13:17
Украина ја продолжува операцијата против проруските сепаратисти
Украинската влада е подготвена да разговара со политичките партии и функционери од истокот на земјата но не и со терористи се вели во соопштението на украинското МНР.
-
Свет 08.05.2014 11:51
Вонредни избори во Косово на 8 јуни
Претседателката на Косово Атифете Јахјага соопштила дека на 8 јуни ќе има вонредни парламентарни избори во Косово. Јахјага ова го изјавила на прес конференција по консултација со претставниците на политичките партии во
-
Свет 08.05.2014 11:45
Приведен шефот на компанијата на траектот што потона минатиот месец
Обвинителството на Јужна Кореја го приведе шефот на компанијата која е сопственик на траектот којшто потона минатиот месец, пришто загинаа повеќе од 300 лица. Тој би можел да биде обвинет за убиство од небрежност и кршење на поморскиот закон.
-
Свет 08.05.2014 11:40
Сириските бунтовници се повлекоа по една година отпор
Стотици сириски бунтовници го напуштија и последното упориште во центарот на градот Хомс, односно жариштето на бунтот против претседателот Асад.
-
Свет 08.05.2014 11:34
САД и Кина заедно со Нигерија во потрага по девојчињата што ги киднапираше Боко Харам
Светските сили, меѓу кои и САД и Кина им се придружија на властите во Нигерија во потрага по повеќе од 200 девојчиња коишто ги киднапираше исламистичката група Боко Харам.
-
Свет 08.05.2014 11:28
Никитин: луѓето во Луханск ќе одлучат кога ќе се одржи референдумот
Лидерите на самопрогласената Народна Република Доњецк денеска ќе решаваат дали ќе се одложи референдумот за независност, откако рускиот претседател Владимир Путин го претстави својот план за надминување на кризата во Украина.
-
Свет 07.05.2014 17:19
Ескалира состојбата на истокот од Украина
Ескалираше состојбата на истокот од Украина. Медиумите јавуваат дека во Славјанск се слушаат пуотници од сите страни, сепаратистите се повлекуваат пред налетот на украинската војска. Досега нема информации за жртви.
-
Свет 07.05.2014 15:35
Седум лица во Србија го оштетиле пензискиот фонд за 70 милиони динари
Во Србија седум лица се приведени поради сомнение дека со злоупотреба на службената позиција го оштетиле пензискиот фонд за околу 70 милиони динари.
-
Свет 07.05.2014 14:32
Разрешената тајландска премиерка Јинглак Шинаватра
Тајланд назначи нов премиер, откако Уставниот суд на земјата ја разреши премиерката Јинглак Шинаватра, оценувајќи дека ја злоупотребила службената должност.









