Повеќе од 12 лица го загубија животот во налетот на серија торнада што ги погоди американските сојузни држави Арканзас и Оклахома. Околу 900 жители претрпеле материјална штета во областа Квапоа, додека пак во градот Мејфлауер било забележано торнадо со височина од околу 800 метри.
-
Свет 28.04.2014 11:40
-
Свет 28.04.2014 11:37
Итна средба во Брисел за новите настани во Украина
Дипломатите од Европската унија денеска во Брисел ќе одржат итна средба во врска со влошувањето на состојбата во Украина и за новите санкции за Русија, откако проруските бунтовници на истокот на земјата киднапираа меѓународни набљудувачи од Организацијата за европска безбедност и соработка.
-
Свет 28.04.2014 10:39
Железничка несреќа во Конго, 70 загинати над 160 повредени
Најмалку 74 лица загинаа во железничката несреќа што се случи минатата седмица во ДР Конго, покажуваат официјални податоци што ги објавија синоќа властите во Киншаса, по откривањето нови тела на жртвите. -
Свет 27.04.2014 17:29
ОБСЕ бара ослободување на набљудувачите заробени во Украина
Тимот на ОБСЕ што пристигна во Славјанск бара да бидат ослободени осумте набљудувачи од нивната организација кои се заробени од проруските бунтовници.
-
Свет 27.04.2014 14:11
Премиерот на Јужна Кореја поднесе оставка поради несреќата со траектот
Премиерот на Јужна Кореја Чунг Хонг-Вон си даде оставка по критиките за тоа како владата се справила со потонувањето на траектот со речиси 500 луѓе во водите кај туристичкиот остров Џеџу. -
Свет 27.04.2014 14:05
Србија денеска ќе добие нова влада
Србија денеска треба да добие нова влада. Со експозе на мандатарот Александар Вучиќ, почна специјалната седница на која Собранието ќе го избере новиот кабинет.
Изборот на владата и полагањето заклетва на нејзиниот претседател е единствена точка на седницата.
-
Свет 27.04.2014 12:25
Продолжува напнатоста во Украина: Заробени трoјца специјалци
Единиците на проруската самоодбрана во Горловка заробија тројца украински специјалци, а четворица побегнале. Приведените наводно имале задача да го извидат теренот и да го киднапираат Игор Безлер, лидерот на доњецките сепаратисти.
-
Свет 27.04.2014 10:01
Се проширува зоната на пребарување на малезискиот авион
Подводниот робот „Блуфин-21“, кој го истражува дното на Индискиот Океан во потрага по исчезнатиот малезиски авион, ќе ја прошири областа на сегашните истражувања. -
Свет 26.04.2014 19:38
Доњецк ќе одлучува за независност на 11 мај
Референдумот за независност на регионот Доњецк ќе се одржи на 11 мај, изјави лидерот на оваа самопрогласена република во источна Украина, Денис Пушиљин. -
Свет 26.04.2014 16:43
Украина-Русија: Пред точка на зовривање
Истокот на Украина е пред точка на зовривање. Во Славјанск се распоредуваат украински воени транспортери, а на небото провоцираат руски ловци.








