Оган и силни ветрови – пеколна комбинација за сојузната американска држава Калифорнија. Пламените јазици голтаат се пред себе, покажувајќи го целосниот гнев на природата обременета од климатските промени.
-
Свет 08.01.2025 11:58
-
Свет 08.01.2025 11:01
Украински дронови нападнаа руски градови
Украински дронови ги нападнаа руските градови Саратов и Енгелс. Оштетен е индустриски објект, но нема повредени-потврди гувернерот во областа.
-
Свет 08.01.2025 09:52
Гренланд не е за продажба - став на Данска
Данска возврати на провокативните најави на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп кој на помалку од две недели пред инаугурацијата излезе со шокантни изјави и желби со кои сака да го промени светот. Меѓу нив е и преземањето на Гренланд.
-
Свет 08.01.2025 09:45
Хамас чека одговор од Израел за примирјето
Хамас го чека одговорот на Израел за условите на примирјето во Газа. Нудат ослободување на 34 заложници во замена за палестински затвореници. Повторија дека ќе се држат до договореното само доколку израелската армија се повлече од енклавата.
-
Свет 08.01.2025 09:32
Повторно издаден налог за апсeње на претседателот на Јужна Кореја
Судот во Сеул повторно издаде налог за апсење на претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук-Јеол, кој е обвинет за бунт и за кого беше изгласано отповикување.
-
Свет 08.01.2025 09:00
Вонредна состојба по шумскиот пожар во Калифорнија
Црвен аларм во Калифорнија поради шумскиот пожар кој зафатен од екстремно силните ветрови, неконтролирано се прошири на ридот на Лос Анџелес уништувајќи домови во славната област и принудувајќи илјадници луѓе да се евакуираат.
-
Свет 08.01.2025 08:41
Продолжува потрагата по преживеани по земјотресот на Тибет
Ден по смртоносниот земјотрес на Тибет спасувачите екипи продолжуваат со напорите во потрагата по луѓето заробени под урнатините. Се стравува дека бројот на жртви може да биде поголем од потврдените 126. На терен се сите расположливи сили за помош.
-
Свет 07.01.2025 20:13
На аеродромот во Дамаск слета првиот меѓународен комерцијален авион по падот на Асад
Првиот меѓународен комерцијален авион по падот на поранешниот сириски претседател, Башар Асад, слета на аеродромот во Дамаск од Катар.
-
Свет 07.01.2025 19:34
Почина Жан Мари Ле Пен, основач на модерната француска крајна десница
Жан Мари Ле Пен, основачот на француската крајнодесничарска партија Национален фронт, почина на 96-годишна возраст, пренесоа светските медиуми.
-
Свет 07.01.2025 19:00
Најмалку пет лица загинаа во зимската бура во САД
Зимска бура која погоди дел од САД одзеде најмалку пет животи, предизвикувајќи затворање на училишта, откажување летови и прекин на снабдувањето со струја во многу региони.










