Извршната потпретседателка на Европската комисија за технолошки суверенитет, безбедност и демократија Хена Виркунен ги отфрли обвинувањата на првиот човек на „Мета“, Марк Цукерберг дека ЕУ се обидува да ги цензурира социјалните мрежи, оценувајќи ги ваквите тврдења како лажни.
-
Свет 13.01.2025 20:18
-
Свет 13.01.2025 19:48
Цените на нафтата го достигнаа највисокото ниво во последните четири месеци
Глобалните цени на нафтата денеска се искачија на највисокото ниво во последните четири месеци, бидејќи трговците се загрижени дека новиот бран американски санкции насочени кон рускиот енергетски сектор може да го наруши и намали снабдувањето на пазарот.
-
Свет 13.01.2025 19:14
Иранската војска набави околу 1.000 дронови
Иран соопшти дека додал околу илјада стратешки беспилотни летатала во својата флота поради зголемените тензии со САД и Израел.
Леталата кои имаат способност да бидат речиси невидливи за време на нападите и биле испорачани на армијата на неколку различни локации во земјата.
-
Свет 13.01.2025 18:41
На повидок договор меѓу Хамас и Израел
Според официјални претставници, договорот за заложници и прекин на огнот во Газа е блиску.
Наредните денови ќе бидат клучни за ставање крај на борбите кои траат повеќе од 15 месеци и го дестабилизираа целиот Блиски Исток. Се чека конечниот одговор од Хамас.
-
Свет 13.01.2025 17:24
Сè уште нема прелиминарна подготовка за средбата Путин-Трамп, велат од Кремљ
Подготовките за средбата меѓу Путин и Трамп се во тек- потврди идниот американски советник за национална безбедност Волц во интервју за ЕЈ-БИ-СИ, а на листата земји кои нудат гостопримство за разговорите меѓу двајцата лидери се придружи и Србија.
-
Свет 13.01.2025 14:55
Земјотрес со јачина од 6,9 степени го погоди југозападниот дел на Јапонија
Силен земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди југозападниот дел на Јапонија, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.
Издадено е предупредување за цунами со максимална висина од еден метар за префектурите Мијазаки и Кочин, соопшти Агенцијата.
-
Свет 13.01.2025 11:54
Зоран Милановиќ реизбран за претседател на Хрватска
Со огромно мнозинство на неделните избори Зоран Милановиќ е реизбран за претседател на Хрватска. Во вториот круг од гласањето убедливо го победи кандидатот на владејачката конзервативна партија Драган Приморац.
-
Свет 13.01.2025 09:31
Подготовки за средбата меѓу Путин и Трамп
Подготовките за средбата меѓу Путин и Трамп се во тек-потврди идниот американски советник за национална безбедност Волц во интервју за ЕЈ-БИ-СИ, а на листата земји кои нудат гостопримство за разговорите меѓу двајцата лидери се придружи и Србија.
-
Свет 13.01.2025 08:50
Над 20 жртви и десетици исчезнати во пожарите што беснеат во Лос Анџелес
Над 20 загинати во пожарите што беснеат во Лос Анџелес. Властите стравуваат дека црниот биланс и натаму ќе расте додека јавуваат за десетици исчезнати.
-
Свет 13.01.2025 08:45
Протести во Србија, се бара кривична одговорност за несреќата во Нови Сад
Српските студенти пред уставниот суд во Белград побараа да им се исполнат барањата укажувајќи на прекршување на Уставот и потсетувајќи ја јавноста за правата загарантирани со него.










