Најмалку 15 новороденчиња загинаа во пожар во детското одделение на болница во Исламабад, јавуваат локалните медиуми. Во моментот на несреќата имало 16 бебиња, а само едно е спасено.
-
Свет 26.08.2026 09:40
-
Свет 26.08.2026 08:19
Силно невреме во Шпанија, улиците во Тарагона претворени во реки
Силно невреме ја погоди Тарагона, со пороен дожд, град и урагански ветер.
Улиците за кратко време се претворија во реки, а итните служби примиле над 700 повици.
Водата носела автомобили и луѓе, додека силниот ветер корнел дрвја.
-
Свет 26.08.2026 08:16
Ла Паз затрупан со ѓубре по 15 дена штрајк
Боливискиот главен град Ла Паз е затрупан со ѓубре додека санитарните работници веќе 15-ти ден штрајкуваат и бараат зголемување на тарифите за собирање отпад. Жителите загрижени за јавното здравје.
-
Свет 26.08.2026 08:12
САД подготвуваат поништување на до 200 илјади визи
САД подготвуваат поништување на до 200 илјади деловни и туристички визи за странци кои поднеле барање за азил.
Мерката ќе се спроведува постепено и во координација со Одделот за внатрешна безбедност, но нема да значи и автоматска депортација.
-
Свет 26.08.2026 08:08
Ескалира трговската војна меѓу САД и Канада
Вашингтон признава дека трговската војна со Канада ги загрижува американските земјоделци, но администрацијата на Трамп очекува победа во преговорите, откако Канада најави воведување контра-царини до 50 насто за американска стока од 8 септември..
-
Свет 26.08.2026 08:04
Нови тензии околу Ормускиот теснец, Трамп се заканува со уништување на бродови
Иран и Оман предлагаат привремена бродска рута и заедничко деминирање на Ормускиот теснец, во обид да се обезбеди безбедна пловидба. Трамп, пак, тврди дека сите мини се отстранети и предупредува дека секој брод што ќе поставува нови ќе биде уништен.
-
Свет 26.08.2026 08:01
Нови напади во Украина, директорот на ЦИА во ненајавена посета на Москва
Украинските сили пријавија нови напади врз руски цели, додека Москва возвраќа со удари врз украинската инфраструктура.
Во меѓувреме, директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, бил во Москва на ненајавени средби со руски претставници, во време на застој во мировните напори за Украина.
-
Свет 25.08.2026 20:19
Украинските сили повторно ја погодија најголемата рафинерија за дизел на југот на Русија
Продолжуваат заемните напади меѓу Москва и Киев. Украинските сили повторно ја погодија најголемата рафинерија за дизел на југот на Русија, додека Москва се соочува со недостиг на гориво. Кремљ возвраќа дека Киев ја отворил „пандорината кутија“ и сега ги трпи последиците.
-
Свет 25.08.2026 14:58
Продолжуваат заемните напади меѓу Москва и Киев
Продолжуваат заемните напади меѓу Москва и Киев. Украинските сили повторно ја погодија најголемата рафинерија за дизел на југот на Русија, додека Москва се соочува со недостиг на гориво. Кремљ возвраќа дека Киев ја отворил „пандорината кутија“ и сега ги трпи последиците.
-
Свет 25.08.2026 13:20
Трамп најави царини од 50 отсто за канадските возила, делови и челик
Трговската војна меѓу САД и Канада влегува во нова, поостра фаза.










