На неколку дена од претседателските избори во САД, група од околу 2.000 мигранти ја напуштија јужната граница на Мексико со надеж дека ќе стигнат до северот на земјата и на крајот до Соединетите држави.
-
Свет 21.10.2024 08:16
-
Свет 21.10.2024 08:13
Молдавците рекоа „НЕ“ за зачленување во ЕУ
Граѓаните на Молдавија му рекоа НЕ на членството во ЕУ. Изборната комисија соопшти дека 56 насто од гласачите се изјасниле против и покрај тоа што земјата веќе ги почна пристапните преговори. Заедно со референдумот за пристапување на Молдавија во ЕУ се одржаа и претседателските избори.
-
Свет 21.10.2024 08:05
Продолжија израелските напади врз цели на Хезболах во Либан
Продолжија израелските напади врз цели на Хезболах во Либан. Погодена филијала на финансиска асоцијација поврзана со милитантната група, вклучително и единствениот комерцијален аеродром во земјата. Израелската војска претходно издаде предупредување за евакуација.
-
Свет 20.10.2024 14:26
Жестоки битки во Украина, регионот Суми остана без струја
Повеќе од 100 населени места во регионот Сума остана без струја по руски напад врз енергетската инфраструктура. Единиците на противвоздушна одбрана на Киев одбија руски воздушен напад врз главниот град во текот на ноќта.
-
Свет 20.10.2024 12:20
Продолжува израелската офанзива во Либан
Блискиот исток не мирува. Тел Авив продолжи со жестоки напади врз јужните предградија на Бејрут откако побара од населението да се евакуира. Изутрина нападнато и седиштето на разузнавачката служба на Хезболах во Либан, елиминирани команданти.
-
Свет 20.10.2024 11:52
Во Молдавија претседателски избори и референдум за ЕУ
Граѓаните на Молдавија избираат нов претседател, но и гласаат на референдум за членство во ЕУ.
-
Свет 20.10.2024 11:20
Во Куба снабдувањето со електрична енергија делумно обновено
Кубанските власти соопштија дека снабдувањето со електрична енергија е делумно обновено на островот. По затворањето на една од главните термоелектрани на Куба, 10 милиони луѓе останаа во мрак два дена.
-
Свет 20.10.2024 09:47
Десетици загинати во нов жесток израелски напад врз Газа
Десетици луѓе загинале во вчерашните жестоки израелски воздушни напади во Газа. Бомбите погодиле неколку куќи и повеќекатна зграда во местото Бејт Лахја.
-
Свет 19.10.2024 12:34
Куба остана без струја, откажа главната електрана на островот
Куба остана во мрак. Главната електрана на островот откажа. Десет милиони жители се соочуваат со колапс на електричната мрежа. Властите прогласија вонредна состојба на островот откако претходно го редуцираа снабдувањето со електрична енергија.
-
Свет 19.10.2024 09:59
Нетанјаху нареди зголемување на хуманитарните резерви за жителите на Газа
Израелскиот премиер Нетанјаху нареди значително зголемување на хуманитарните резерви за жителите на Газа, како одговор на американските закани дека ќе ја прекинат воената помош за Израел доколку тој не го стори тоа, објавија израелските медиуми.










