Рускиот претседател Владимир Путин е домаќин на дводневниот самит на организацијата БРИКС кој почнува денеска во градот Казан. На форумот ќе учествуваат 24 шефови на држави и влади. Меѓу поважните гости се издвојува кинескиот претседател Си Џинпинг.
-
Свет 22.10.2024 09:27
-
Свет 22.10.2024 08:15
Во Куба жртви по ураганот „Оскар“
Најмалку 6 лица загинаа во тропската бура „Оскар“ која помина низ источна Куба како ураган од прва категорија носејќи обилни дождови и силни ветрови во време кога островот се соочува со неколкудневни масовни прекини во електричната мрежа.
-
Свет 22.10.2024 08:12
15-годишно момче осомничено за пукање во Сиетл, петмина загинати
Пет лица се убиени во масакр во куќа во близина на Сиетл, а за убиствата е осомничено 15-годишно момче, соопштија денеска властите на државата Вашингтон.
-
Свет 22.10.2024 08:09
Русија напаѓа, САД најави нова помош за Киев
Русија лансираше голем број јуришни беспилотни летала низ Украина. Повредени цивили во напад врз Суми. Експлозија на дрон предизвика привремен пожар во хемиска фабрика во руската област Тамбов.
-
Свет 22.10.2024 07:58
Блинкен во посета на Блискиот Исток
Американскиот државен секретар Блинкен во нова блискоисточна турнеја. Газа и Либан-во фокусот на разговорите во Израел. Предлозите за примирје остануваат неизвесни.
-
Свет 21.10.2024 14:32
Уапсен е поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета
По налог на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, попладнево уапсен е Илир Мета, поранешен албански претседател и актуелен лидер на опозициската Партија на слободата.
-
Свет 21.10.2024 12:06
Референдум во Молдавија, повеќе од половина од гласачите гласале „за“ членство на земјата во ЕУ
Молдавците избраа европска иднина. На референдумското прашање, дали ја поддржуваат измената на Уставот со цел пристапување во Европската унија, повеќе од половина од гласачите гласале „за“, соопшти Централната изборна комисија. Резултатите тесни.
-
Свет 21.10.2024 10:05
Почина Фетулах Ѓулен, најголемиот противник на Ердоган
Фетулах Ѓулен, еден од најголемите политички противници на Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Турција, почина во САД.
Водачот на движењето ФЕТО и турски политичар почина на 83-годишна возраст.
-
Свет 21.10.2024 09:44
Во Молдавија се одржаа претседателски избори и рефенрендум за членство во ЕУ
Граѓаните на Молдавија поделени помеѓу истокот и западот. Исходот од референдумот за промена на Уставот и заложбата за членство во ЕУ е во неизвесност, резултатите се речиси изедначени. Во исто време во земјата се одржа и првиот круг од претседателските избори, вториот е закажан за 3-ти ноември.
-
Свет 21.10.2024 09:16
Руски напади врз Харков и Киев, најмалку 16 лица се ранети
Најмалку 16 лица се ранети во руски напади врз Харков и Киев, како и на населените места во регионите Суми и Днепропетровск.
Украинската армија тврди дека соборила десетина дронови над главниот град.









