• Свет 23.10.2024 11:15

    Харис: Земјата е подготвена за жена претседател

    Потпретседателката на Соединетите Американски Држави Камала Харис рече дека нејзиниот тим е подготвен да го предизвика Доналд Трамп доколку се обиде предвреме да прогласи победа на изборите во 2024 година. Но истакна дека најпрво е фокусирана да го победи републиканскиот кандидат.

  • Свет 23.10.2024 09:49

    На украинскиот фронт продолжуваат жестоки битки

    Се погласни се тврдењата дека Москва зборува за можен договор за прекин на руско-украинскиот конфликт. Иако засега нема ништо конкретно, земјите од БРИКС се договорија за формулацијата за Украина, која ќе биде вклучена во завршната декларација на самитот во Казан, Татарстан.

  • Свет 23.10.2024 08:44

    Хавана е делумно осветлена

    Главниот град на Куба е делумно осветлен, откако големиот прекин на електричната енергија предизвика револт кај граѓаните и протести. Властите соопштија дека околу 80 насто од Хавана има наизменична струја, но луѓето и понатаму се стравуваат од нови прекини.

  • Свет 23.10.2024 08:33

    Продолжува руско-украинскиот конфликт

    Јужнокорејската шпионска агенција минатата недела соопшти дека потврдила оти Северна Кореја испратила 1.500 специјални оперативни сили во Русија. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за извештаите вели дека би можеле да предизвикаат значајна ескалација во војната во Украина.

  • Свет 23.10.2024 08:30

    Продолжуваат борбите во Газа и во Либан

    Израелската одбрана соопшти дека пресретнала беспилотни летала во близина на брегот на Еилат. Продолжуваат борбите и во Газа и во Либан. Силите на Тел Авив објавија дека е ликвидиран Хашем Сефиедин, што требаше да го замени Хасан Насрала на чело на Хезболах.

  • Свет 22.10.2024 18:11

    Анкета на две недели пред изборите во САД: Харис 46% – Трамп 43%

    Речиси 80 насто од американските гласачи се сигурни дека ќе гласаат на претседателските изборите на петти ноември.

    Последната анкета на Ројтерс/Ипсос прогнозира предност на кандидатката на демократите, Харис од 46 насто, наспроти републиканецот Трамп кој ужива поддршка од 43 проценти.

  • Свет 22.10.2024 17:07

    Путин домаќин на самитот на БРИКС во Казањ

    Од пет, ќе се прошират на девет. Египет, Иран, Обединетите Арапски Емирати и Етиопија треба да им се придружат на Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Америка, постојните членки на БРИКС, сојуз што брои речиси половина од човештвото.

  • Свет 22.10.2024 12:05

    Блинкен во обид да извојува мировно решение

    Во ек на разгорени тензии на Блискиот Исток, американскиот државен секретар Блинкен во уште една посета за ставање крај на насилствата во регионот.

  • Свет 22.10.2024 09:38

    Нема крај на борбите на Блискиот Исток

    Нема крај на борбите на Блискиот Исток. Хезболах нападна разузнавачка служба близу до Тел Авив, на удар и поморска база кај Хаифа. Во Бејрут гори, Израел жестоко возвраќа. Оштетена најголемата болница во Либан.

  • Свет 22.10.2024 09:27

    Дводневен самит на БРИКС во Казан

    Рускиот претседател Владимир Путин е домаќин на дводневниот самит на организацијата БРИКС кој почнува денеска во градот Казан. На форумот ќе учествуваат 24 шефови на држави и влади. Меѓу поважните гости се издвојува кинескиот претседател Си Џинпинг.

Pages