Борбите во централниот дел на Појасот Газа продолжија иако САД, Катар и Египет се обидуваат да постигнат договор за прекин на огнот. Во јужниот град Кан Јунис, четири лица загинаа во израелски напад врз нивното возило, изјави портпаролот на палестинската цивилна одбрана Махмуд Басал.
-
Свет 24.08.2024 10:00
-
Свет 23.08.2024 19:49
Жестоки борби на истокот од Украина
Украинската војска денеска соопшти дека нејзините сили одбиле десетици нови напади на руските војници. Вкупно 79 руски напади, некои со артилериска и воздушна поддршка, беа пријавени од фронтовите во источна Украина, соопшти Генералштабот во Киев во својот дневен извештај за состојбата.
-
Свет 23.08.2024 19:20
Парламентарни избори во Германија во септември 2025-та
Следните парламентарни избори во Германија ќе се одржат на 28 септември следната 2025 година, соопшти денеска кабинетот на претседателот Франк-Валтер Штајнмаер.
-
Свет 23.08.2024 18:47
Кирби: Конструктивни разговори во Каиро за прекин на огнот во Газа
Разговорите за примирје во Појасот Газа, што неделава се одржаа во Каиро, се конструктивни и неопходно е сите страни да се обединат за да работат на имплементација на предложениот договор, соопшти денеска Белата куќа.
-
Свет 23.08.2024 18:26
Продолжи војната со дронови меѓу Москва и Киев, и покрај посетата на Моди на Украина
Војната со дронови меѓу Москва и Киев продолжи, и покрај посетата на индискиот премиер Моди на Украина. Тој само неколку недели претходно се сретна со Путин во Москва.
-
Свет 23.08.2024 12:16
Шестчлено семејство загина во пожар во семејна куќа во Нови Сад
Страшна трагедија изутрина го разбуди Нови Сад. Шестчлено семејство, четири деца на возраст од две до седум години и нивните родители, загинаа во пожар во нивната семејна куќа.
-
Свет 23.08.2024 09:37
Шест жртви во пожар во семејна куќа во Нови Сад, меѓу нив четири деца
Шестчлено семејство загинаа во пожар во семејна куќа во Нови Сад. Меѓу нив се четири деца.
Според првичните информации, пожарот најверојатно избувнал од електричен велосипед кој бил на полнач. Полицијата врши истрага која треба да ги даде одговорите за точната причина за трагедијата.
-
Свет 23.08.2024 09:28
Пожар во хотел во јужнокорејскиот град Бучеон
Најмалку седум жртви и12 повредени во пожар што избувна во хотел во јужнокорејскиот град Бучеон.
-
Свет 23.08.2024 09:22
Харис вети дека ќе исцрта нов пат за Американците
Камала Харис вети дека ќе исцрта нов пат за иднината на Американците додека официјално ја прифати демократската номинација за претседател на САД на последниот ден од Конвенцијата на партијата во Чикаго.
-
Свет 23.08.2024 08:41
Воздушни напади наспроти мировни преговори во Газа
Израел нападна бегалски кампови каде наводно се кријат борци на Хамас, во нападите има жртви. Продолжи и жестокото гранатирање преку израелско-либанската граница, додека се интензивиират рациите на Западниот Брег. Во истовреме, посредниците преговараат за примирје.









