Карго авион се урна во близина на аеродромот во Вилнус, Литванија, приватен дом е опожарен. Најмалку едно лице, член на екипажот загина, а тројца се повредени.
Според извештаите авионот се урнал пред пистата додека се обидувал да слета. Причината за несреќата се истражува.










