Доналд Трамп се појави зад непробојно стакло во Северна Каролина на прв јавен митинг по обидот за атентат на кој говореше за националната безбедност. Ги обвини Бајден и Харис за смртоносното повлекување од Авганистан и за војните во Украина и Блискиот Исток.
-
Свет 22.08.2024 09:47
-
Свет 22.08.2024 08:57
Поројни дождови го нарушија транспортот во Токио
Пороен дожд го погоди Токио поплавувајќи ги улиците што предизвика прекин на огромната транспортна мрежа на јапонската престолнина.
Поради силните електрични празнења привремено беа откажани и неколку летови.
-
Свет 22.08.2024 08:56
Официјализирана кандидатурата на Тим Волц
Тим Волц избран од Камала Харис за нејзин потпретседател на претседателските избори во САД во ноември, официјално ја прифати номинацијата на демократите.
-
Свет 22.08.2024 08:55
Засилени напади наспроти повици за прекин на огнот во Газа
Израел изврши воздушен напад врз командна просторија на Хамас сместена во училиште во градот Газа. Има цивилни жртви-обвинија палестинските власти. По ракетниот бараж на Хезболах, израелската војска возврати со удари на неколку локации низ Либан.
-
Свет 22.08.2024 08:46
Борби во Покровск, пробивот во Курск продолжува
Руските трупи окупираа три населби во Донбас, напредуваат во правец на Николаевка. Украинците, пак го гаѓаа руското складиште за муниција и гориво на Црното Море. Засилени борби на линијата на фронтот во Покровск.
-
Свет 21.08.2024 20:51
Борел: Офанзивата на Курск е тежок удар за Путин
Шефот за надворешни работи на Европската унија, Жозеп Борел денеска ја нарече офанзивата на Украина во Курск „тежок удар“ за рускиот претседател Владимир Путин.
-
Свет 21.08.2024 20:09
Пет тела пронајдени во потонатата луксузна јахта во близина на брегот на Сицилија
Шефот на агенцијата за цивилна заштита на Сицилија, Салваторе Кочина, потврди дека се пронајдени пет тела во јахтата која потона околу 5 часот утрото во понеделникот. Четири тела се извлечени, а „во тек“ се напорите да се донесе петто до брегот.
-
Свет 21.08.2024 18:25
Потврдена номинацијата на Камала Харис
Американските демократи и официјално потврдија - Камала Харис е нивен кандидат за претседателските избори на 5-ти ноември. Делегации од сите американски држави и територии го дадоа својот глас за Харис, за време на партиската национална конвенција во Чикаго.
-
Свет 21.08.2024 16:25
Три лица убиени во средно училиште во БиХ
Мехмед Вукалиќ е домарот кој усмрти тројца колеги во гимназијата „Сански Мост“ во Босна и Херцеговина затоа што бил суспендиран.
-
Свет 21.08.2024 15:00
Пукање во БиХ, вработен во гимназија во Сански мост усмртил тројца колеги
Мехмед Вукалиќ е домарот кој усмрти тројца колеги во гимназијата „Сански Мост“ во Босна и Херцеговина затоа што бил суспендиран.









