Повеќе од 100 Палестинци беа убиени, а десетици ранети во израелски напад врз училиште во Газа во кое беа сместени раселените луѓе, објави официјалната палестинска новинска агенција, додека израелската војска соопшти дека погодила команден центар на Хамас.
-
Свет 10.08.2024 10:21
-
Свет 09.08.2024 22:01
Авионска несреќа во Бразил, нема преживеани
Авион со 62 патници се урнал во станбена област во градот Вињедо, Сао Паоло. Авионот кој се движел кон Меѓународниот аеродром Гуарулхос, во Сао Паоло, се урнал со 58 патници и четири членови на екипажот.
-
Свет 09.08.2024 14:54
Горица Гранчарова-Кожарева нов в.д. премиер на Бугарија
Претседателот на Бугарија, Румен Радев, ја задолжи заменик-претседателката на ревизорската комора, Горица Гранчарова-Кожарева, да формира привремена влада. Најави дека на 20 октомври ќе се одржат предвремени парламентарни избори.
-
Свет 09.08.2024 14:46
Руски ракетен напад врз преполн маркет во Константинивка
Руски ракети погодија маркет полн со луѓе во Константинивка. Има жртви и повредени. Од под урнатините се извлекуваат луѓе. Нападот доаѓа во момент кога украинските сили извршија масовен удар со дронови во руската област Липецк во кој беше погодена воена база.
-
Свет 09.08.2024 12:37
Најмалку 9 лица загинаа, откако автобус удри во столб на мост во Полатли
Автобус кој патувал меѓу градовите во Турција излетал од автопат и удрил во столб од надвозник при што загинале девет лица, a најмалку 26 се повредени.
-
Свет 09.08.2024 12:11
Во Русија вклучена црвена тревога по масовните украински напади
Украинските сили напредуваат на руска територија. По Курск, напади во Липецк. Беспилотни летала погодија воена база во областа по што избувнал пожар. Повредени се најмалку девет лица, потврди гувернерот Артамонов посетувајќи ги повредените в болница.
-
Свет 09.08.2024 10:47
Кризата на Блискиот Исток продолжува
Кризата на Блискиот Исток продолжува. Израелски авиони повторно удрија во упориштата на Хезболах во јужен Либан. Милитантите возвраќаат, истрелани ракети кон северот на Израел. Во Газа, засилени напади. Погодени две училишта. Биле користени од Хамас-тврди Тел Авив.
-
Свет 09.08.2024 10:41
Јапонија издаде предупредување за зголемен ризик од силен земјотрес
Јапонија за првпат издаде предупредување за зголемен ризик од силен земјотрес во блиска иднина откако земјата синоќа беше погодена од потрес со јачина од 7,1 степен по Рихтер во кој беа повредени 8 лица.
-
Свет 09.08.2024 10:37
Доналд Трамп и Камала Харис договорија дебата
Американскиот републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека е подготвен да учествува во три дебати на различни медиуми со неговата демократска ривалка Камала Харис, во септември годинава. Харис го прифати предизвикот и изјави дека со нетрпение очекува да се соочи со него.
-
Свет 09.08.2024 09:04
Тензиите растат, регионот на раб на катастрофа
Израелскиот министер за одбрана Галант предупреди дека во случај на ескалација, Израел ќе се бори со сите расположливи средства против милитантите на Хезболах.










