Холандскиот премиер во заминување, Марк Руте, ќе биде следниот генерален секретар на НАТО откако сите 32 членки на Алијансата се договорија тој да го наследи Јенс Столтенберг, објави бриселскиот портал Политико.
-
Свет 20.06.2024 17:37
-
Свет 20.06.2024 11:51
Експлозија во Цетиње, двајца загинати, тројца повредени
Две лица загинаа, а тројца се повредени утрово во Цетиње, откако пред Спортски центар била активирана експлозивна направа.
Едно лице загинало на местото на нападот. Според извор од врвот на полициската управа, второто лице им подлегнало подоцна на повредите.
-
Свет 20.06.2024 11:34
По Северна Кореја, Путин пристигна и во Виетнам
Рускиот претседател Путин е во државна посета на Виетнам, откако претходно беше во Северна Кореја.
Двете земји потпишаа договор кој предвидува да си помогнат меѓусебно доколку некоја од нив биде нападната.
-
Свет 20.06.2024 09:27
Дали на повидок е нов воен конфликт на Блискиот Исток?
Врие на Блискиот Исток. Откако израелската армија соопшти дека ги одобрила плановите за офанзива во Либан, министерот за одбрана и началникот на Генералштабот извршија проценка на ситуацијата во Северната команда.
-
Свет 20.06.2024 09:05
Над 900 луѓе починаа на аџилак
Над 900 починати за време на аџилакот во Саудиска Арабија. Температурата завчера во Мека, најсветиот град во исламот, достигна 51,8 степени Целзиусови.
-
Свет 20.06.2024 09:03
Жестоки битки на украинскиот фронт
Борбата продолжува на повеќе фронтови во Украина. Најжестоките битки се водат околу Часов Јар и во Харков. Во гранатирање целосно уништен клучен инфраструктурен објект во Запорожје.
Рускиот претседател Путин е во државна посета на Виетнам, откако претходно беше во Северна Кореја.
-
Свет 19.06.2024 20:54
Седум европски земји не ги исполнуваат критериумите на ЕУ во однос на буџетскиот дефицит
Европската комисија покренува кривична постапка против Франција, Италија и пет други земји од ЕУ поради преголемиот нов долг, односно прекумерен дефицит.
Покрај Франција и Италија, погодени се и Белгија, Малта, Полска, Словачка и Унгарија, а веќе се водат постапки против Романија.
-
Свет 19.06.2024 20:07
ОН: Израел можеби ги прекршил законите за војна
Израелските сили можеби повеќе пати ги прекршиле основните принципи на законите за војна и не успеале да направат разлика меѓу цивилите и борците во нивната воена кампања во Појасот Газа, соопшти денеска Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации
-
Свет 19.06.2024 18:59
Норвешка ја засилува контролата врз посвојувањето деца од странство
Норвешка ги заостри контролите врз посвојувањето деца од странство, но ќе ја дозволи таа практика да продолжи додека води истрага за законитоста и етиката на претходните посвојувања, соопшти денеска Владата.
-
Свет 19.06.2024 14:31
550 аџии починаа од топлотен удар
Најмалку 550 муслимански аџии од Египет, Јордан, Индонезија, Иран и Сенегал починале за време на овогодишниот аџилак во Мека од топлотен удар, а илјадници други побарале лекарска помош.
Повеќе од 2.760 аџии претрпеле сончев удар и топлотен стрес уште на почетокот на аџилакот.










