Црвеното знаме на одмаздата беше подигнато во Иран, по ликвидацијата на Исмаил Ханије, политичкиот лидер на Хамас.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, црвеното знаме се веело над куполата на џамијата Џамкаран.
Црвеното знаме на одмаздата беше подигнато во Иран, по ликвидацијата на Исмаил Ханије, политичкиот лидер на Хамас.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, црвеното знаме се веело над куполата на џамијата Џамкаран.
Голем пожар денеска избувна во областа Монте Марио во Рим, а зградата на јавната служба РАИ, астрономската опсерваторија и уште четири куќи беа евакуирани.
Улиците во областа се затворени, а голема црна колона чад е видлива над градот, пренесува АНСА.
Телевизијата Ал Џезира со седиште во Доха во средата објави дека нејзиниот известувач Исмаил ал-Гул и снимателот Рами Ел Рифи биле убиени во израелски напад врз градот Газа.
Сè уште не се достапни детали за околностите на нивната смрт.
Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус денеска потврди дека во Газа е откриено присуство на полиовирус и предупреди дека децата во таа зафатена од војна енклава наскоро ќе бидат заразени доколку брзо не се преземат превентивни мерки.
Во пол ек претседателската кампања во САД. Ставовите за абортусот во фокусот. Демократите поддржуваат, републиканците со ограничување по ова прашање.
Игор Стефановски известува од „Гласот на Америка“.
Русија ја почна третата фаза од вежбите за обука на распоредување на тактичко нуклеарно оружје.
Полицијата во англиската област Мерсисајд соопшти дека 22 полицајци се повредени во немирите во Саутпорт, што избувнаа откако три девојчиња беа избодени до смрт, а пет деца беа тешко повредени на детски час по танцување и јога во овој приморски град.
Ликвидиран Исмаил Ханије – политичкиот лидер на палестинската екстремистичка група, потврдуваат од Хамас. Според нив, Ханије е убиен во израелски воздушен напад во неговата резиденција во Иран. Престојувал во Техеран за инаугурацијата на новоизбраниот ирански претседател Масуд Пазешкијан.
Најмалку 11 лица загинаа, а десетици се повредени во судирите со полицијата во Венецуела по избувнувањето на масовните протести против сомнителниот реизборот на венецуелскиот претседател Мадуро.
Хрватските пожарникари сè уште се борат со пожарот кој утринава избувна кај Скрадин и зафати околу 500 хектари ниска вегетација и борова шума. Најтешка е состојбата на делницата Рупа – Пластово, а постои можност пожарот да се прошири во правец на Дубравица и Националниот парк Крка.