Брачниот пар, македонски државјани кој се наоѓа во Газа се на безбедно и се сместени во болница на црвената полумесечина, информира МНР.
-
Свет 15.10.2023 16:55
-
Свет 15.10.2023 12:59
Одложена копнената офанзива во Газа поради временски услови
Одложена копнената офанзива во Газа која требаше да почне викендов поради временски услови. Израел и натаму трупа сили по должината на Појасот. САД распоредуваат уште еден носач на авиони во медитеранот пред почетокот на офанзивата.
-
Свет 15.10.2023 09:39
Силен земјотрес од 6,3 степени е регистриран во Авганистан
Нов силен земјотрес од 6,3 степени е регистриран во Авганистан, во истото подрачје каде што претходно во катастрофалниот потрес загинаа над 2 илјади и 400 луѓе.
Епицентарот бил во близина на градот Херата, на длабочина од 8 километри.
-
Свет 15.10.2023 09:38
Продолжуваат жестоките руски напади во Украина
Продолжуваат жестоките руски напади во Украина. Киев јавува за гранатирања во близина на источниот град Авдеевка, петти ден по ред.
-
Свет 14.10.2023 13:17
Републиканците го номинираа Џим Џордан за претседател на Претставничкиот дом
Претседателот на Комитетот за правосудство во Американскиот конгрес, Џим Џордан е номиниран за функцијата претседател на претставничкиот дом, откако победи на интерното гласање меѓу републиканците, објавија партиските лидери.
-
Свет 14.10.2023 13:08
Макрон мобилизира 7.000 војници по исламистичкиот терористички нападот во Арас
Францускиот претседател Емануел Макрон нареди мобилизација на 7.000 војници, за да се засилат безбедносните патроли во земјата, откако 20-годишен исламски екстремист избоде до смрт локален наставник во средно училиште.
-
Свет 14.10.2023 12:34
Нов шестчасовен рок за евакуација од Појасот Газа
Израелската армија со нов рок за евакуација во Појасот Газа. Уверуваат дека шест часа нема да бомбардираат во областа. Ги повикаа жителите итно да се преместат во јужниот дел на Појасот. Обединетите нации алармираа дека е неможно да се евакуираат над еден милион жители за краток период.
-
Свет 14.10.2023 09:34
Израелската армија почна операција во Појасот Газа
Израелската армија соопшти дека спровела неколку операции во Појасот Газа во изминатото деноноќие. Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари на мрежата Х напиша дека целта на овие операции е „да се исчисти областа од терористи и оружје“.
-
Свет 13.10.2023 20:11
Израелската војска спроведе операции во Газа
Израелските трупи спроведоа ограничени акции во Појасот, потврдија извори од војската. Пешадијата и оклопните возила беа дел од операцијата во која израелските војници бараше заложници и собираше информации за заробениците на Хамас.
-
Свет 13.10.2023 18:25
Ново убиство на професор во средно училиште во Франција
Франција повторно во шок. Изутринава гимназијата Гамбета во Арас, беше театар на уште еден настан кој ја потреси Франција. Напаѓач вооружен со нож упаднал во објектот околу 11.00 часот, при што убил професор по француски јазик и повредил тешко уште две лица.










