Летовите од и до аеродромот во Хамбург биле привремено запрени откако властите добија закана во авион што долета од Иран.
Полицијата извести дека заканата пристигнала на електронска адреса за летот на линија Техеран-Хамбург.
Летовите од и до аеродромот во Хамбург биле привремено запрени откако властите добија закана во авион што долета од Иран.
Полицијата извести дека заканата пристигнала на електронска адреса за летот на линија Техеран-Хамбург.
Фер трговија меѓу САД и Кина, главна тема на средбата на кинескиот претседател со Американски сенатори во Пекинг. Односите меѓу двет земји се одлучувачки за иднината на човештвото, изјави кинескиот претседател Џинпинг.
Дел од македонските државјани се вратија безбедно дома, некои сè уште бараат начин да се спасат од хаосот во Израел. Еврејката со македонско потекло Рахел Шели за МТВ вели – ова не е војна туку масакр. Состојбата е ужасна.
Министерство за одбрана на Израел издаде наредба за комплетна опсада на Појасот Газа. Со артилерија и од воздух погодени се повеќе од илјада цели. Тенкови и беспилотни летала се поставени на граничната ограда. Во тек е операцијата за евакуација на населението, но и спасување на заложниците.
Предупредувачки сирени за ракетни напади и натаму одекнуваат во Ерусалим и Тел Авив.
Израелските власти тврдат дека ситуацијата во јужен Израел е стабилна, но сè уште има необезбедени делови каде борбите се во тек. Во нападите илјадници жртви и повредени.
Израелците поминаа уште една ноќ со звуците на артилериски оган. Конфликтот од југот на земјата и Појасот Газа се пресели во Ерусалим. Израел објави дека досега во нападите од Хамас загинале стотици жители, а повеќе од две илјади се ранети.
Хуманитарните работници стигнаа до некои области погодени од земјотресот во западен Авганистан. Почна дистрибуцијата на храна за погодените, потврдија од Светската програма за храна на Обединетите Нации.
Продолжуваат ракетните напади меѓу Киев и Москва. Руската авијација изврши 12 ракетни напади врз украинските сили, Херсон беше гранатиран, а руската воздушна одбрана одби уште еден ракетен напад на Крим. Украинците очекуваат рекорден број напади со беспилотни летала оваа зима.
Парламентарни избори во Луксембург. Граѓаните гласаат за избор на 60-члениот парламент
Засилени безбедносни мерки во европски метрополи по воените случувања во Израел. Полицијата ги засили патролите околу синагогите и еврејските училишта и споменици. Синоќа палестински поддржувачи излегоа на улиците на Берлин за да го прослават нападот на Хамас врз израелска територија.