Газа во руини, без струја, вода и храна по продолжените воздушни напади врз целите на Хамас. Територијата е целосно под опсада од оклопните единици на израелска армија, на воените авиони и на 300 илјади вооружени резервисти на Израел.
-
Свет 11.10.2023 15:45
-
Свет 11.10.2023 12:27
Воздушни напади врз цели во Газа
Израелските одбранбени сили продолжија со воздушните напади на Појасот Газа врз цели на Хамас. Територијата е целосно под опсада од оклопната израелска армија. 300 илјади резервисти добија оружје, што е најголемата мобилизација во историјата на Израел.
-
Свет 11.10.2023 11:59
Изборот на спикер во Претставничкиот дом на САД во ќор-сокак
Републиканското мнозинство во Претставничкиот дом е заглавено, една недела по соборувањето на спикерот Кевин Мекарти. Пратениците не можат да се договорат околу новиот лидер.
Политичкиот ќор-сокак се заканува да го задржи Конгресот делумно затворен на неодредено време.
-
Свет 11.10.2023 11:15
Авганистан: Нов земјотрес од 6,3 степени по Рихтер
Земјотрес од 6,3 степени по Рихтер одново ја погоди западната авганистанска провинција Херат. Властите ги преместија екипите за помош и спасување кои веќе се на терен по серијата смртоносни потреси во текот на викендот.
-
Свет 11.10.2023 10:58
Продолжуваат руските напади во Украина
Во изминативе 24 часа руските напади продолжија врз украинските населени места.
-
Свет 10.10.2023 14:28
Израел ја врати контролата над границата со Газа, се подготвува копнена офанзива
Израелската операција „Железен меч“ која се однесуваше на чистење на теренот од милитанти, евакуација на население и воздушни напади полека стивнува. Втората фаза опфаќа копнена офанзива врз појасот Газа, мобилизирани околу 300.000 резервисти.
-
Свет 10.10.2023 14:08
Цаи Инг-Вен: Мирот со Кина е „единствената опција“
Мирот со Кина е „единствената опција“, изјави тајванскиот претседател Цаи Инг-Вен. Во обраќањето на националниот ден рече дека Меѓународната заедница ја гледа стабилноста во Тајванскиот теснец како неопходна.
-
Свет 10.10.2023 14:02
Нападите на фронтот во Украина продолжуваат
На фронтот во Украина продолжуваат нападите. Руските сили уништија складишта за муниција во гранатирањето на Херсон и регионот Харков.
Украинците велат дека го одбиле нападот кај Запорожје и постигнале делумен успех во правец на Бахмут.
-
Свет 10.10.2023 12:56
Илјадници жртви и повредени по нападите на Хамас, шок и неверување низ улиците во Израел
Тага, шок и неверување низ улиците во Израел. Војната ги затече жителите. Ненадејните напади на Хамас предизвикаа илјадници жртви и повредени. Тие што успеаја да се спасат од јужниот, се сместија во импровизирани засолништа во централниот дел на Израел.
-
Свет 10.10.2023 09:57
Појасот Газа под жестоки напади од Израел
Во четвртиот ден од војната што ја почна Хамас во Израел, повеќе од илјада луѓе се убиени, а над 4.000 ранети. Мировните сили на ООН во јужен Либан повикуваат на максимална воздржаност долж либанско-израелската граница по големата ескалација на насилството меѓу Палестина и Израел.










