Во хеликоптерска несреќа, во североисточна Сирија, беа повредени 22 американски војници. Во тек е истрага за причината. Досега не бил пријавен непријателски оган.
-
Свет 13.06.2023 10:19
-
Свет 13.06.2023 10:12
Трамп пристигна во Флорида
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп пристигна во Мајами, каде што ќе се појави пред судот поради обвинението за неправилно чување на доверливи документи поврзани со националната безбедност.
-
Свет 13.06.2023 10:07
Шведска ќе испорача поддржувач на ПКК во Турција
Шведска ќе и испорача на Турција поддржувач на Работничката партија на Курдистан, кој во матичната земја е осуден за шверц со дрога. Одлуката е во согласност со барањето на Анкара кое го постави како услов за влез на скандинавската држава во НАТО.
-
Свет 13.06.2023 10:03
Жртви во напад во Криви Рог
Три лица загинаа, а 25 се повредени во ракетен напад на руските сили врз Криви Рог. Погодена е петкатница. Напади се регистрирани и во Киев и Харков.
-
Свет 12.06.2023 21:34
Хакерски напад врз швајцарската федерална администрација
Швајцарската федерална администрација беше цел на кибер-напад. Одговорноста ја презеде групата „No-name“, којашто изврши сличен напад на интернет-страницата на швајцарскиот парламент минатата недела.
Националниот центар за кибер-безбедност спроведува истрага.
-
Свет 12.06.2023 14:26
Украина во контраофанзивата ослободила три села во југоисточниот дел на земјата
Украина се фали со првите резултати од долгонајавуваната контраофанзива. Киев јави за повеќе села во Доњецката област, коишто повторно се вратени под украинска контрола. На фронтот се водат жестоки борби.
-
Свет 12.06.2023 12:37
Движењето „Европа сега“ победи на вонредните парламентарни избори во Црна Гора
Движењето „Европа сега“, предводено од Милојко Спајиќ, освои најмногу гласови на вонредните парламентарни избори во Црна Гора, кои беа одбележани со исклучително слаба излезност.
-
Свет 12.06.2023 11:09
Почина поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони
Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони почина на 86-годишна возраст, објавија италијанските медиуми. Тој почина во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано.
Во април тој се лекуваше од инфекција на белите дробови поврзана со леукемија од која боледуваше извесно време.
-
Свет 12.06.2023 10:37
Евакуиран суд пред сослушување на убиецот на Абе
Јапонски суд бил евакуиран откако бил пронајден сомнителен предмет пред сослушувањето на обвинетиот за убиството на поранешниот премиер Шинѕо Абе.
Тецуја Јамагами се соочува со обвиненија за убиство и кршење на законите за контрола на оружјето.
-
Свет 12.06.2023 10:33
НАТО организира најголеми воздушни маневри во Германија
НАТО ги организира најголемите воздушни маневри во својата историја на небото над Германија. Три зони на летови се привремено затворени и има доцнења на цивилните летови.









