• Свет 25.05.2023 11:37

    Гори седумкатница во Сиднеј, стотици евакуирани

    Голем пожар во центарот на Сиднеј, целиот град е во чад, а околните улици се затворени. Како што јавија австралиските медиуми, пожарот започнал на седумкатница во Сари Хилс, во строгиот центар на градот.

  • Свет 25.05.2023 11:35

    Претставена нова балистичка ракета со голем дострел

    Иран ја претстави четвртата генерација балистичка ракета „Кеибар“, со дострел од 2.000 километри, која може да носи боева глава од 1.500 килограми.

  • Свет 25.05.2023 10:10

    Почина легендарната Тина Тарнер

    На 83-годишна возраст, по долго боледување, почина американската пејачка Тина Тарнер. Таа најпрво се прослави, настапувајќи со поранешниот сопруг Ајк. Незапирливата пејачка и танчарка, накратко и актерка, е родена како Ана Меј Булок во Тенеси.

  • Свет 25.05.2023 10:08

    Силен земјотрес во Панама

    Земјотрес со јачина од 6,6 степени е регистриран во областа на градот Пуерто Обалдија, во Панама. Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри.

    По земјотресот не било издадено предупредување за цунами.

     

  • Свет 25.05.2023 10:06

    Бајден повторно повика на забрана на автоматско оружје

    Американскиот претседател Бајден, повторно повика на забрана за продажба на автоматско оружје на првата годишнина од масовното пукање во училиште во Тексас. Рече дека е тежок ден за семејствата додека палат свеќи, во спомен на 19-те деца и двајца учители убиени во основно училиште.

  • Свет 25.05.2023 10:06

    УНХЦР: Во Европа има над осум милиони украински бегалци

    Над осум милиони украински бегалци пристигнале во европските земји од почетокот на руската инвазија врз Украина. Само минатата недела бројот на бегалци се зголемил за 8.766.

  • Свет 25.05.2023 09:59

    Одбиен нов воздушен напад врз Киев

    Киев повторно цел на руски воздушни напади. Нападот бил „масивен“, а тревога од воздушни напади била прогласена и во други украински градови. Противвоздушната одбрана одбила уште еден, нов, дванаесетти по ред напад во мај.

  • Свет 24.05.2023 21:52

    Скандал во Илиноис обвиненија против 451 свештеник за злоставување на деца

    Во американската сојузна држава Илиноис, од 1950-тите до 2010-тите, свештеници на римокатоличката црква сексуално злоупотребувале околу 2.000 деца, соопшти државниот обвинител.

  • Свет 24.05.2023 18:32

    Бајден прогласи вонредна состојба поради тајфун во Гуам

    Евакуација на населението на островот Гуам поради тајфунот Мавар. Претседателот Бајден прогласи вонредна состојба. Околу 6.800 американски војници распоредени во оваа американска пацифичка територија.

  • Свет 24.05.2023 11:52

    Бахмут останува меѓу главните жаришта на војната

    „Го уништија Бахмут, не го презедоа. Дел од него е сива зона, а дел од таа област, е зона на битки. Планираме да го ослободиме секој град, секое село. Сега не мораме да се бориме за Бахмут, треба само да го опколиме и блокираме.

Pages