Руското МНР со осуда за Г7. „Единствената цел на нуклеарната реторика на групата седум најразвиени држави во светот е да врши психолошки, воен и политички притисок врз Москва и Пекинг“, соопштија оттаму.
-
Свет 23.05.2023 09:46
-
Свет 23.05.2023 09:43
Киев ги чека американските борбени авиони Ф-16
Киев сè уште тврди дека украинските трупи напредуваат во Бахмут. Русија носи нови сили. Групата „Вагнер“ најави повлекување до први јуни, рок до кој очекува да го заземе градот, а позициите би им биле отстапени на припадниците на редовната руска војска.
-
Свет 22.05.2023 23:17
Нова престрелка во Белград, две лица се ранети
Две лица се ранети во престрелката што се случи вечерва во белградската населба Врачар во центарот на Белград. Престрелката се случила на аголот од улиците „Максим Горки“ и „Цар Николај“. Како што дознава „Телеграф“, еден од ранетите е 29-годишниот А.П.
-
Свет 22.05.2023 15:00
Нови руски ракетни напади врз Украина
Бахмут и натаму жешка точка во руско-украинскиот конфликт. Откако Русија викендов тврдеше дека нејзините сили го зазеле градот, Киев негираше, а борбите продолжуваат. Украинските војници известија дека во текот на изминатиот ден, непријателот неуспешно се обидел да ги врати загубените позиции.
-
Свет 22.05.2023 12:18
Мицотакис со убедлива победа на изборите, но нема апсолутно мнозинство
Со освоени над 40 насто од гласовите, двојно повеќе од СИРИЗА, актуелниот грчки премиер Киријакос Мицотакис, прогласи победа на неговата партија, Нова демократија, на парламентарните избори во Грција.
-
Свет 22.05.2023 11:56
ИТН ја повлече поддршката, Габриел ќе го враќа мандат
Кандидатката за премиер на Бугарија од редовите на ГЕРБ-СДС, Марија Габриел, денеска ќе му го врати на претседателот Румен Радев првиот мандат за формирање Влада. Таа не обезбеди доволно гласови за да формира кабинет.
-
Свет 22.05.2023 11:49
ОУ „Владислав Рибникар“ продолжува со настава
Продолжува наставата во ОУ„Владислав Рибникар“ во Белград каде на 3-ти мај беа извршени девет убиства. Со скратени часови, без оценување, именување и со присуство на шест полицајци во училиштето во секоја смена, јавија белградските медиуми.
-
Свет 22.05.2023 10:09
Пекинг: Земјите од Г7 соработуваат за да ја нападнат Кина
Пекинг ги обвини земјите од Г7 дека соработуваат за да ја „клеветат и нападнат“ Кина, по изјавата во која се предупредува Пекинг за „активности за милитаризација“ во азиско-пацифичкиот регион.
-
Свет 22.05.2023 10:06
Воздушна тревога во украинскиот град Дњепар
Русија извела воздушен напад врз југоисточниот украински град Дњепар. Медиумите во државата објавија за серија експлозии.
-
Свет 22.05.2023 10:04
Русија: Предупредување од можната испорака на Ф-16 на Украина
Иако, сè уште официјално не е донесена одлука за испорака на борбени авиони Ф-16 во Украина, Русија го предупреди НАТО да не се меша во конфликтот. Трансферот на авионите го отвора прашањето за вмешаност на НАТО во конфликтот.










