Илјадници луѓе се упатија кон Белград на собирот на Српската напредна странка насловен како „Србија на надежта“. На митингот посветен на иднината на земјата ќе се обрати претседателот Вучиќ со пораки за иднината и развојот на државата.
-
Свет 26.05.2023 13:39
-
Свет 26.05.2023 12:22
Во недела во Турција втор круг претседателски избори
Турција в недела гласа на вториот круг од претседателски избори, откако ниту актуелниот претседател Реџеп Тајип Ердоган, ниту неговиот противкандидат Кемал Киличдароглу не го обезбедија потребното мнозинство за победа на 14 мај.
-
Свет 26.05.2023 09:56
Големи поплави во Авелино, едно лице загина
Најмалку едно лице загина откако силен дожд ја погоди италијанската провинција Авелино, предизвикувајќи големи поплави.
-
Свет 26.05.2023 09:56
Русија испраќа нуклеарно оружје во Белорусија
Русија го почна преносот на нуклеарно оружје во Белорусија, потврди претседателот на земјата, Лукашенко.
-
Свет 26.05.2023 09:56
Нови напади на Киев
Властите во главниот град на Украина известија дека утринава градот повторно бил под закана од руски ракетни напади. Советникот на украинскиот претседател вели дека претстојната контраофанзива на Киев ќе вклучи „десетици различни акции“ за уништување на руските сили.
-
Свет 26.05.2023 09:56
Собир на Српската народна странка во Белград
Илјадници луѓе се очекуваат денеска во Србија на собирот на Српската напредна странка. Организираниот собир се смета за контрамитинг на протестите против насилство, на кои во неколку наврати излегоа граѓаните на улица.
-
Свет 25.05.2023 14:32
Јужна Кореја и САД одржуваат воени вежби во близина на Северна Кореја
Јужна Кореја и САД на заедничка вежба во близина на Северна Кореја.
Пјонгјанг претходно предупреди дека нема да толерира маневри кои ги смета за проба за инвазија.
Сеул и Вашингтон одбележуваат 70-годишнина од воспоставувањето на воениот сојуз.
-
Свет 25.05.2023 14:30
Потрага по вооружен маж осомничен за напад на четири лица во Нагано
Полицијата во Јапонија трага по маскиран маж со пушка и нож.
Осомничен е за напад во Нагано во кој биле повредени четири лица.
Едниот од ранетите им подлегнал на повредите.
-
Свет 25.05.2023 12:53
Светот се простува од легендарната Тина Тарнер
Светот се збогува со легендарната Тина Тарнер … Незапирливата пејачка и танчерка, кратко време и актерка, е родена како Ана Меј Булок во Тенеси. „Кралицата на рокенролот“ почина по долго боледување на 83-годишна возраст во нејзиниот дом во близина на Цирих.
-
Свет 25.05.2023 12:15
Воздушната одбрана во Киев одбила нов „масовен“ напад на руски беспилотни летала
Киев повторно цел на руски воздушни напади. Нападот бил „масивен“ а тревога од напади била прогласена и во други украински градови. Украинските сили тврдат оти го одбиле нападот, уништувајќи руски дронови.










