„Пожарот кој во неделата усмрти дваесетина лица во студентски дом во Гвајана бил предизвикан од тинејџерка која била револтирана поради одземен мобилен телефон“, потврдија властите во градот Махдија.
-
Свет 24.05.2023 09:34
-
Свет 24.05.2023 09:32
Кишида: Не планираме да станеме членка на НАТО
„Не планираме да станеме членка на НАТО, но ќе отвориме канцеларија за односи со Алијансата во нашата земја“, изјави јапонскиот премиер Кишида.
-
Свет 24.05.2023 09:30
Борби во Белгород, соборени дронови
Рускиот истражен комитет соопшти дека по прекуграничниот напад на руската Белгородската област отворил истрага за терористички напад од украинските трупи. Киев негира вмешаност, нагласувајќи дека бил извршен од руски борци кои се против политиката на Кремљ.
-
Свет 24.05.2023 09:17
Претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу свика лидерска средба
Претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу закажа лидерска средба во претседателската палата. Ниедна од трите прворангирани партии на изборите не го прифати мандатот за формирање влада. Процесот на доделување заврши за само два дена така што земјата оди на втори избори.
-
Свет 23.05.2023 13:08
Вооружени борби во неколку руски населби во Белгород, Киев негира вмешаност
Вооружени борби во неколку руски населби во регионот Белгород покрај границата со Украина. Киев демантира вмешаност и вели дека се дело на домашните герилски групи. Украинското разузнавање ги посочило „опозициски настроените граѓани на Русија“.
-
Свет 23.05.2023 12:39
Ципрас не го прими мандатот за нова влада
Лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас не го прими мандатот за формирање влада од грчката претседателка Катерина Сакеларопулу. На парламентарните избори, СИРИЗА доби 20,07 отсто од гласовите и 71 пратеничко место, со што е далеку од потребното парламентарно мнозинство од 151 пратеник.
-
Свет 23.05.2023 12:02
Активиран вулканот Попокатепетл
Жителите на областа околу вулканот Попокатепетл се разбудија во облак од пепел, ден откако мексиканската влада активираше жолта тревога. Откажани се повеќе летови, а поради намалената видливост и патниот сообраќај се одвива под посебен режим.
-
Свет 23.05.2023 11:50
Судан: Паравоените сили најавија дека нема да се повлечат
„Суданските паравоени сили за брза поддршка нема да се повлечат додека не го запрат воениот удар“, изјави нивниот лидер, генерал Хемети.
-
Свет 23.05.2023 10:09
Вооружен напад во Белград, повреден е македонски државјанин
Две лица, од кои едно, според пишувањата на српските медиуми е македонски државјанин, се ранети во престрелката што доцна синоќа се случила во белградската населба Врачар.
-
Свет 23.05.2023 09:50
Ципрас го презема мандатот за нова Влада
Лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас, денеска го презема мандатот за формирање Влада од грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, откако лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, вчера го врати мандатот.










