Поранешната германска лидерка Ангела Меркел го доби највисокиот орден во земјата познат како „Големиот крст за заслуги“ за нејзината дисциплина и страст во текот на 16 години како канцелар.
-
Свет 18.04.2023 09:13
-
Свет 18.04.2023 09:11
Францускиот претседател Макрон не се откажува од пензиските реформи
Францускиот претседател Емануел Макрон изрази разбирање за револтот на народот поради зголемувањето на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, но и натаму инсистира дека тоа е потребно да се спроведе.
-
Свет 18.04.2023 09:09
Г7: Критика за руската реторика, од Кина бараат одговорно однесување
Министрите за надворешни работи на Групата седум најразвиени земји (Г7) ги осудија неодамнешните најави на Русија за стационирање нуклеарно оружје во Белорусија и ја повикаа Кина да дејствува како одговорна членка на меѓународната заедница.
-
Свет 18.04.2023 09:03
Путин ги посети руските воени штабови во Украина
Рускиот претседател Владимир Путин ги посети воените штабови во украинските региони Херсон и Луганск, кои делумно се под контрола на руската војска.
-
Свет 18.04.2023 09:01
Блинкен: Пукано e врз американски дипломатски конвој во Судан
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, потврди дека во Судан било пукано врз американски дипломатски конвој иако возилата биле видно обележани со американски знамиња. Во инцидентот нема повредени.
-
Свет 17.04.2023 20:38
25 години затвор за рускиот опозиционер Карамуза
Рускиот опозициски активист, Владимир Карамурза е осуден на 25 години затвор за предавство поради критиките на војната во Украина. Поранешниот новинар е последниот од многуте противници на Путин кои се соочија со затворски казни или ја напуштија земјата. Карамурза го негираше обвинението.
-
Свет 17.04.2023 20:28
Воена вежба на САД, Јапонија и Јужна Кореја
Сад, Јужна Кореја и Јапонија воена вежба за противракетна одбрана во Јапонско Море. Целта е да се зголеми координацијата поради провокативните акции на Северна Кореја, како минатонеделното лансирање сомнителна интерконтинентална балистичка ракета со цврсто гориво.
-
Свет 17.04.2023 14:27
Во борбите во Судан загинаа тројца хуманитарни работници
Крвава борба за превласт меѓу суданската армија и Силите за брза поддршка (РСФ). Продолжуваат вооружените пресметки низ улиците на Картум. Стотина луѓе загинаа, меѓу кои и тројца хуманитарни работници на ОН. Светската програма за храна ја суспендира помошта.
-
Свет 17.04.2023 14:01
Пукање на тинејџерска роденденска забава во Алабама, има жртви
Тага и неверување во американската сојузна држава Алабама, каде вооружен напаѓач викендов отвори оган на роденденска забава на тинејџер во студио за танц во малиот град Дејдвил. Четворица загинаа, а околу 30 луѓе се повредени, некои критично. Жртвите се млади луѓе.
-
Свет 17.04.2023 09:56
САД: Пукање на роденденска забава, има жртви
Четири лица загинаа, а дваесетина се повредени на тинејџерска роденденска забава во студио за танц во Дејдвил, Алабама.
Првата идентификувана жртва е братот на славеничката, Фил Додел, локален фудбалер кој загина во пукотниците, кои според полицијата, почнале по физичка пресметка.










