Шефовите на дипломатиите на седумте најразвиени земји се обврзаа да ја спречат Русија да ги избегнува економските санкции и да ја запрат доставата на оружје за Москва преку трети земји.
-
Свет 17.04.2023 09:53
-
Свет 17.04.2023 09:50
Лиман, Бахмут и Маринка жаришта на фронтот
Лиман, Бахмут и Маринка во Доњецка област во фокусот на руско-украинскиот конфликт. Рускиот претседател Путин се сретна со кинескиот министер за одбрана Ли Шангфу и ја потврди билатералната соработка во областа на одбраната.
-
Свет 17.04.2023 09:40
Продолжуваат борбите во Судан
Продолжуваат вооружените пресметки меѓу војската и паравојската во Судан. Во борбите загинаа речиси стотина луѓе, меѓу кои и тројца хуманитарни работници на ОН. Светската програма за храна на ОН ја суспендира помошта.
-
Свет 16.04.2023 20:30
Масовни пукотници во Алабама и во Кентаки
Ново масовно пукање во САД. Четворица загинаа, уште неколку се повредени откако бил отворен оган на роденденска забава на тинејџери во Алабама. Најголем дел од жртвите се тинејџери.
-
Свет 16.04.2023 14:54
Во Судан жртви во вооружените судири меѓу армијата и паравојската
Цивилни и воени жртви во вооружените судири меѓу суданската армија и Силите за брза поддршка (РСФ) во градот Омдурман кои се борат за власт, додека политички фракции преговараат за формирање преодна влада по воениот удар во 2021 година.
-
Свет 16.04.2023 13:06
Политичар убиен во телевизиски пренос
Атик Ахмед, поранешен индиски политичар, и неговиот брат Ашраф беа убиени за време на пренос во живо додека даваа изјави за медиумите, и пред толпата полицајци, кои ги придружуваа. Тројцата осомничени кои се претставиле како новинари, се предале и се приведени.
-
Свет 16.04.2023 11:49
Масакр на јавен базен во Мексико
Најмалку седум луѓе се убиени, меѓу кои и едно дете, кога вооружени напаѓачи отвориле оган во јавен базен во градот Кортазар, во мексиканската држава Гуанахуато. Напаѓачите се во бегство, а мотивот е непознат.
-
Свет 16.04.2023 11:34
16 жртви по пожар во станбена зграда во Дубаи
Пожар во станбена зграда во Дубаи однесе 16 животи, а уште девет се повредени. Прелиминарните податоци покажуваат дека пожарот е резултат на непочитување на безбедносните барања.
Во 2017 година, властите најавија воведување построги градежни прописи.
-
Свет 16.04.2023 11:30
Во Украина битките не запираат и за велигденските празници
Москва тврди дека руските сили под своја контрола ставиле уште два дела од Бахмут. Киев брои жртви во Салвјанск. Шефот на Кремљ Путин на велигденска литургија предводена од патријархот Кирил, поддржувач на воената операција во Украина.
-
Свет 16.04.2023 11:28
Жртви во судирите меѓу армијата и паравојската
Цивилни и воени жртви во вооружените судири меѓу суданската армија и Силите за брза поддршка (РСФ) во градот Омдурман кои се борат за власт, додека политички фракции преговарааат за формирање преодна влада по воениот удар во 2021 година.










