Најмалку едно лице загина, а петмина биле повредени при делумно уривање на катна гаража во Њујорк. Во моментот на несреќата во објектот имало шест лица, едно починало, четворица се пренесени во болница, а еден одбил лекарска помош.
-
Свет 19.04.2023 10:02
-
Свет 19.04.2023 09:57
Ким Јонг Ун нареди лансирање шпионски сателит
Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун нареди лансирање на првиот воен шпионски сателит. Не се објавени детали за датумот на лансирање.
Ким најави распоредување неколку сателити за извидување во различни орбити.
-
Свет 19.04.2023 09:54
Загинати пациенти, медицински лица и посетител во болница во Пекинг
Десетици луѓе загинаа во големиот пожар во болница во Пекинг.
Меѓу жртвите се 26 пациенти, една медицинска сестра, медицински техничар и посетител. Наредена е истрага за причините на еден од најсмртоносните пожари во Пекинг во последните неколку години.
-
Свет 19.04.2023 09:51
Борбите продолжуваат во Судан и покрај договореното примирје
Борбите во Судан продолжија и покрај договорениот прекин на огнот од завојуваните страни на 24 часа. Во Картум се слушале експлозии и пукотници и по 18 часот, кога требало да стапи на сила прекинот на огнот.
-
Свет 19.04.2023 09:49
Русите вчера извеле 60 воздушни напади
Украинската армија соопшти дека во текот на изминатиот ден руските сили лансирале четири проектили и извеле 60 воздушни напади.
Забележани биле и 58 ракетни напади, во областа Лиман, Бахмут, Авдивка и Маринка.
-
Свет 18.04.2023 20:18
Над 20 загинати во пожар во болница во Пекинг
Над 20 загинати во пожар во болница во Пекинг. Според кинеските власти, болничкиот персонал успеал да спаси 71 пациент. Сè уште не е позната причината за несреќата.
-
Свет 18.04.2023 14:01
Јужнокорејските институции мета на севернокорејски хакери
Севернокорејската хакерска група „Лазарус“, минатата година ја нарушила безбедноста на стотици компјутери на 61 јужнокорејска институција. Според полицијата на Јужна Кореја, хакерите подготвувале кибер напад од големи. -
Свет 18.04.2023 13:55
Одобрена визната либерализација на Косово
Европскиот парламент во Стразбур ја одобри либерализацијата на визниот режим со Косово најдоцна од 1 јануари 2024 година. Со новите правила, косовските државјани како и целиот регион на Западен Балкан ќе биде под ист визен режим како и ЕУ.
-
Свет 18.04.2023 12:51
Крвави битки меѓу паравојската и суданската армија
Продолжуваат жестоки борби во Картум, главниот град на Судан. Повеќе од 185 луѓе се убиени, а над 1.800 се ранети.
-
Свет 18.04.2023 11:42
Путин во посета на руските воени штабови во Украина
Рускиот претседател, Владимир Путин, ги посети воените штабови во украинските региони Херсон и Луганск, кои делумно се под контрола на руската војска.










